Марија Микиќ, по разводот, на Острог со децата, па бившиот сам ги вози во винтиџ автомобил без клима и пее љубовни песни

Поранешните партнери се трудат да минат квалитетно време со децата по разводот, а еден од коментарите под последната објава на Јован со децата гласи: „Буквално најубавото семејство на социјалните мрежи кај нас... Навивам да се помират“. 

marija-mikikj-po-razvodot-na-ostrog-so-decata-pa-bivshiot-gi-vozi-vo-vintidj-avtomobil-bez-klima-i-pee-ljubovni-pesni-01.jpg

Пејачката Марија Микиќ неодамна ја изненади јавноста кога објави дека се разведува од сопругот Јован Пантиќ, со кого има две деца – ќерката Ѓурѓа и синот Милија.

По разводот, Марија со децата отпатува во Црна Гора на одмор, а го посети и манастирот Острог.

marija-mikikj-po-razvodot-na-ostrog-so-decata-pa-bivshiot-gi-vozi-vo-vintidj-avtomobil-bez-klima-i-pee-ljubovni-pesni-02.jpg

Марија на Острог стави црна марама на главата и со насмевка позираше, а покрај неа цело време беа нејзините деца.

marija-mikikj-po-razvodot-na-ostrog-so-decata-pa-bivshiot-gi-vozi-vo-vintidj-avtomobil-bez-klima-i-pee-ljubovni-pesni-05.jpg

marija-mikikj-po-razvodot-na-ostrog-so-decata-pa-bivshiot-gi-vozi-vo-vintidj-avtomobil-bez-klima-i-pee-ljubovni-pesni-03.jpg

Иако, делуваа како идеален пар, Јован и Марија извесно време имале криза во бракот, што пејачката го наведе и во соопштението за разводот.

„Драги мои новинари, слободно можам да кажам соработници, и секако пријатели.

Во овие тешки времиња кои нè снајдоа, покрај сè што се случува околу нас, постои и она што се случува во нашите срца. Мислам дека одамна ви должам одговори на некои прашања и не се чувствувам убаво поради тоа.

Причината поради која не се огласував е затоа што сите баравте и очекувавте одговори кои ни самата не можев да си ги дадам. Поминував низ многу тежок период во животот на сите полиња.

Освен операцијата и моето здравје за кои бевте запознаени, најмногу прашања имаше во врска со мојот сопруг и мене. Дури кога можев на самата себе да си го изговорам тоа гласно, решив да го кажам и на вас.

Јован и јас решивме повеќе да не бидеме заедно. Животните патишта и приоритети нè одведоа во спротивни насоки и иако вложивме напори да го пребродиме тешкиот период, не успеавме. Од нашата љубов, која беше најголема што сум ја почувствувала, добивме две ангелчиња.

Ти благодарам, Господе, за нив и за љубовта што ми овозможи да ја доживеам. Тешко е кога со некого си сонуваш сè, а тоа веќе не постои. Ве молам да разберете“.

Инаку, со децата време поминува и Јован, кој ги стави во винтиџ автомобил без клима, како што вели самиот, и ги однесе на авантура во природа.

„Нема клима, нема навигација, нема блутут, ама има љубов, насмевки и вистинска музика. А тие уште викаат „Тато, вози!“ од кровот!“, напиша тој.

marija-mikikj-po-razvodot-na-ostrog-so-decata-pa-bivshiot-gi-vozi-vo-vintidj-avtomobil-bez-klima-i-pee-ljubovni-pesni-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Марија Микиќ по гласините дека е со бившиот на море: „Не сме заедно, му праќам фотки од децата – тоа... „Како измисливте дека сме заедно на море? Јас на својот поранешен сопруг редовно...
Марија Микиќ има нов дечко по разводот - адвокат од Белград, ѝ бил редовен гостин на настапите „Луѓе, како што тој го разбира мојот јавен професионален живот, така и јас го ра...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg