Ивана Шпановиќ го врати моминското презиме и откри дека се разведува: „Приоритетите ни се променија“

„И двајцата влеговме во брак со истите желби и потреби, што се променија во различни правци“ – српската атлетичарка Ивана Шпановиќ откри зошто по 2 години брак одлучила да се разведе од сопругот. Додека таа останува во Србија, тој се пресели во Дубаи.

ivana-shpanovikj-go-vrati-mominskoto-prezime-i-otkri-deka-se-razveduva-prioritetite-ni-se-promenija-01.jpg

Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ објави дека се разведува од сопругот Марко Вулета, по само две години брак. Таа не крие дека минува низ тежок период, откако нејзиниот сопруг одлучил да се пресели во Дубаи.

ivana-shpanovikj-go-vrati-mominskoto-prezime-i-otkri-deka-se-razveduva-prioritetite-ni-se-promenija-02.jpg

Ивана, кога се омажи често наидуваше на критики затоа што го промени презимето во Вулета, а сега по само две години јавно потврди дека таа и сопругот се разведуваат, и веднаш си го врати моминското презиме.

„Иако го разбирам јавниот интерес, секогаш се трудев приватниот живот да остане приватен. Со оглед на тоа што јас и Марко се разведуваме, и двајцата минуваме низ емотивен период што го сметаме за заеднички неуспех.

И на двајцата ни е потребен личен простор и почитување на интимата, за да можеме и двајцата побрзо и побезболно да се вратиме на сопствените животи“ – изјави Ивана за српските медиуми.

ivana-shpanovikj-go-vrati-mominskoto-prezime-i-otkri-deka-se-razveduva-prioritetite-ni-se-promenija-03.jpg

Таа накратко ги искоментира и причините заради која со сопругот одлучиле да се разделат, па рече:

„И двајцата влеговме во брак со истите желби и потреби, што, заедно со нашите лични амбиции, погледите на иднината, приоритетите и изборите се променија во различни правци“.

ivana-shpanovikj-go-vrati-mominskoto-prezime-i-otkri-deka-se-razveduva-prioritetite-ni-se-promenija-04.jpg

Инаку, нејзиниот сопруг Марко откри дека се преселил во Дубаи и ја покажа новата канцеларија.

ivana-shpanovikj-go-vrati-mominskoto-prezime-i-otkri-deka-se-razveduva-prioritetite-ni-se-promenija-05.jpg

За потсетување, српската атлетичарка Ивана Шпановиќ и Марко Вулета стапија во брак во септември 2021-ва година.

Тие двајца живееја заедно во нивниот дом во Нови Сад, сѐ до моментот додека не одлучија да се разведат.

Прочитајте и Планираше свадба со друг пред да се омажи за Марко Вулета – Кој е сопругот на Србинката Ивана Шпановиќ, најдобрата светска атлетичарка?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...

Најчитани неделава