Петар Грашо „заглавен“ на аеродром, Северина се пофали со декорациите на маса – Како хрватските музичари го прославија католичкиот Бадник?

Петар Грашо брзаше во последен миг да стигне дома за празниците, но му го одложија летот, Данијела Мартиновиќ се пофали дека ќе ужива во специјалитетите на новиот партнер, а Северина се пофали со преубавите декорации во домот. Како најпознатите хрватски пејачи го прославија католичкиот Бадник?

petar-grasho-zaglaven-na-aerodrom-severina-se-pofali-so-dekoraciite-na-masa-kako-najpoznatite-hrvstaki-muzichari-go-proslavija-badnik-01.jpg

Католичките христијани денес (25.12) го слават Божиќ, а најпознатите хрватски музичари се пофалија како си поминале вчера за Бадник.

Петар Грашо беше заглавен на аеродром и чекаше лет за дома, Данијела Мартиновиќ се пофали дека ќе ужива во специјалитетите на нејзиниот дечко, додека Северина покажа дел од декорациите за Бадник.

Данијела Мартиновиќ даде обемно интервју за 24sata.hr и откри дека иако обожава празниците да ги поминува со нејзините родители, годинава заради работните ангажмани празниците ќе ги помине со нејзиниот дечко, инспекторот Јосип Плавиќ и неколку пријатели.

„Јосип готви извонредно. Готвењето го опушта и мошне е креативен, од неколку продукти знае да направи вистинско чудо.

Често ме изненадува со новите рецепти“ – се пофали пејачката и рече дека по ручекот ќе има настап, а најголема желба ѝ е во наредната година да биде готова нивната заедничка куќа каде ќе живеат заедно.

Нејзиниот поранешен партнер, Петар Грашо, пак, на Инстаграм се пожали дека не може да стигне дома за празниците. Тој на Бадник покажа дека е „заглавен“ на аеродром и чека лет за Сплит за да може да стигне кај сопругата Хана и ќеркичката Алба. Но, летот бил одложен.

„Среќен Божиќ на сите, драги мои“ – напиша тој до видеото.

Северина, покажа како го украсила домот за Бадник. Со голем број декорации, кукли, Дедо Мразовци и дрвени коњчиња, нејзиниот дом навистина изгледа магично за празниците.

Таа претходно даде интервју каде зборуваше за своите планови за празниците. Како што рече, во нејзиниот дом ќе се соберат сите членови на семејството и пријателите, а за подготовката на храната е задолжена нејзината мајка.

„За среќа мајка ми живее со нас во Загреб, така што таа сè уште готви за празниците и ужива во тоа. Мајка ми ме учеше да готвам и иако добро готвам, тоа го правам само во ретки пригоди, како што се Божиќ, Велигден и родендените.

Имаме и една госпоѓа што доаѓа да ни зготви, затоа што мајка ми на Нова година ќе наполни 86 години.

Секојдневното готвење ми одзема драгоцено време, а на госпоѓата што ни готви ќе ѝ ја земе платата. Вака сите се среќни, освен мајка ми, која мисли дека може сè да постигне, како да има 30 години“ – рече Северина.

Погледнете неколку фотки од декорациите во нејзиниот дом:

petar-grasho-zaglaven-na-aerodrom-severina-se-pofali-so-dekoraciite-na-masa-kako-najpoznatite-hrvstaki-muzichari-go-proslavija-badnik-08.jpg

petar-grasho-zaglaven-na-aerodrom-severina-se-pofali-so-dekoraciite-na-masa-kako-najpoznatite-hrvstaki-muzichari-go-proslavija-badnik-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Северина емотивна за 13-тиот роденден на синот: „Имам среќа да живеам со прекрасно дете“ „13 години имам голема среќа да живеам со прекрасно дете, сега веќе – момче. Пам...
„Мајка ми безброј пати го напушташе татко ми и секогаш му се враќаше - немаше каде да оди“ „Веднаш некој од фамилијата ќе ѝ се јавеше и ќе ѝ речеше: „Дали си ти луда, каде...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Помалку познати факти за Петар Грашо – има луксузен комплекс со апартмани, Оливер Драгојевиќ го оттр... Сигурно знаете које Петар Грашо, но дали знаевте дека во последен мимент одлучил...
Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg