Се скарала со семејството, била уапсена: Која е првата Србинка што освоила седмица на Лото?

Освоила седмица на Лото, па проблемите почнале да се нижат еден по друг. Се развела, се скарала со своето семејство, а соседите ја претепале. Која е првата Србинка што освоила седмица на Лото и што се случило со добивката?

irena-od-srbija-osvoila-2-milioni-evra-na-loto-so-pari-ne-moze-da-kupite-srekja-01.jpg

Единствената српска Лото милионерка која во јавност признала дека добила „седмица“ се вика Ирена Матејиќ, има 47 години и е од Младеновац. 

Откако во 2011 година освоила два милиона евра со погодување на добитната комбинација, Ирена се развела од сопругот, а поради парите се скарала и со своето семејство.

Продолжила да игра Лото и во јануари 2019 година ѝ недостигал еден број за да освои добивка од 6.050.000 евра.

Доколку добие уште една седмица ќе се запише во Гинисовата книга на рекорди.

Вели дека во тој случај парите би ги дала во хуманитарни цели, на црквата и децата во Звечанска (дом за деца без родители).

View this post on Instagram

A post shared by Irena Z. Matejic (@lrenaid)

Сфатила каде греши по добивката

Слободното време Ирена најмногу го поминува на патувања, живее со ќерката, а работи во агенција за недвижнини. 

По сѐ што поминала, вели дека парите не можат да ви ги решат проблемите во животот.

„Со пари не може да купите среќа. Без разлика колку пари победникот им дава на семејството и пријателите, никој никогаш не е задоволен од тоа што ќе им го дадете.

Луѓето очекуваат да ги решите сите нивни проблеми со пари. И, пред лотаријата имав многу активен живот, но очигледно некои работи не успеав навреме да ги разберам, но никогаш не е доцна. Сега знам каде згрешив“ - има изјавено Ирена во една пригода.

Малку недостигало повторно да освои седмица

И покрај тоа што добила доволно пари за да си го обезбеди животот, таа продолжила да игра Лото.

Пред извесно време за малку повторно ќе била добитник, меѓутоа наместо седмица, освоила шестка.

Тогаш освоила само 85.546 динари, бидејќи шестка тогаш погодиле 50 играчи.

Но, сепак, вели дека нема да се откаже сѐ додека не биде првата Србинка која освоила две седмици на Лото.

irena-od-srbija-osvoila-2-milioni-evra-na-loto-so-pari-ne-moze-da-kupite-srekja02.jpg

Уапсена поради инцидент во автосервис

Во 2016 година Ирена била уапсена и против неа била поднесена кривична пријава поради сомнение дека се обидела да го запали авто-сервисот на Милан Гавриловиќ, откако тој ги извадил сите четири тркала од нејзиниот автомобил и со недели одбивал да ги врати.

Таа тогаш тврдела дека била жртва на манипулации и лаги на мајсторот, кој сакал да ја ограби.

Поправката на штетата на нејзиниот автомобил била проценета 12.000 евра, но Гавриловиќ ѝ ветил дека ќе ѝ го поправи возилото за многу помалку пари.

Но, тој ништо не поправил и постојано ѝ недостигале делови. 

После цел месец, успеала некако да си го земе автомобилот од кај мајсторот, но возилото не било во функција.

Тогаш Ирена отишла во сервисот, го полеала објектот со бензин и се заканувала дека ќе го запали, по што била уапсена.

Соседите ја истепале

Во 2019 година Ирена била брутално претепана во станбениот комплекс во центарот на Белград каде што купила стан. Таа била нападната од соседите затоа што им замерила дека нивното куче непрестајно лае.

Матејиќ тогаш се здобила со скршеници на носот и две ребра, а напаѓачите биле уапсени.

„Ме открија, бидејќи премногу се радував“

Наводно, Ирена никогаш не сакала јавноста да дознае дека добила седмица, но сепак сите дознале, бидејќи не можела да ја скрие радоста, по што многу од медиумите почнале да ѝ бараат интервју.

irena-od-srbija-osvoila-2-milioni-evra-na-loto-so-pari-ne-moze-da-kupite-srekja03.jpg

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Напади од морски желки во Хрватска и траорни сведоштва: „Беше агресивна, главата ѝ беше колку две чо... „Тоа беше средба очи во очи со желка од 50-тина килограми. Според упатените, ста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg