Северина во солзи пред публиката - Не можеше да ја испее песната посветена на синот (видео)

„Моја обврска, моја должност беше да станам, да се облечам, да се нашминкам, да направам фризура и да ви се поклонам“ – им порача Северина на фановите кои се собраа на нејзиниот концерт во Јахорина. Но, пејачката не смогна сили да ја испее песната посветена на синот Александар.

severina-vo-solzi-pred-publikata-ne-mozheshe-da-ja-ispee-pesnata-posvetena-na-sinot-video-01.jpg

Деновиве топ тема во регионалните медиуми е веста дека хрватската пејачка Северина Вучковиќ по вторпат го загуби старателството над синот Александар (12).

Но, ниту личната трагедија не ја спречи да застане на сцената во Јахорина и да отпее некои од своите најголеми хитови во еден глас со публиката.

Таа на својот Инстаграм профил објави видео од настапот, до кое напиша:

„Мислевте дека нема да дојдам? Дека ќе го откажам концертот? Моја обврска, моја должност беше да се појавам денес.

Да станам, да се облечам, да се нашминкам, да направам фризура и да ви се поклонам.

severina-vo-solzi-pred-publikata-ne-mozheshe-da-ja-ispee-pesnata-posvetena-na-sinot-video-03.jpg

Да се поклонам на малите и немоќни жени што ми даваат сила мене, за овие денови воопшто да смогнам сили и секое утро да станaм од креветот и да ги испратам детето во училиште, па на сите вас кои ме опсипувате со неизмерна љубов да се обидам лично да ви се заблагодарам“ – порача меѓу другото, Северина.

severina-vo-solzi-pred-publikata-ne-mozheshe-da-ja-ispee-pesnata-posvetena-na-sinot-video-02.jpg

Таа им се заблагодари на сите за безрезервната поддршка што ја добива во овие тешки денови од нејзиниот живот и за крај порача:

„Психопатите се психопати, но имаат и една голема доблест, а тоа е што ви се посветуваат стоотстотно“...

Освен ова, на социјалните мрежи масовно се споделува и видеото на кое Северина во солзи следеше како придружните вокали ја испеаја песната што таа му ја посвети на синот Александар „Rodjeno moje“, а самата не можеше да ги пее познатите стихови, затоа што плачеше.

severina-vo-solzi-pred-publikata-ne-mozheshe-da-ja-ispee-pesnata-posvetena-na-sinot-video-05.jpg

Имено, Северина оваа песна ја отпеа и му ја посвети на синот, првиот пат кога го загуби старателството пред пет години.

Но, очигледно, синоќа во Јахорина, емоциите ја совладаа, па таа не смогна сили да ја испее песната.

Погледнете го видеото:

Прочитајте и „Мамо, немој да ме оставаш“ – Северина објави емотивно видео со синот + Како Милан ја искористи грешката на судиите?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Синот на Лепа Брена пече леб и спрема казан со чварки – Подготовки во луксузниот дом за славење Св. ... Малиот син на Лепа Брена и Бобо, Виктор, секогаш помага во подготовките за куќна...
Северина објави фотки од синот на црковен обред за примање света потврда – момчето пораснато, мајкат... Синот на Северина, Александар, веќе е големо момче со шармантна насмевка дотеран...

Најчитани неделава