Вереницата и љубовницата на Буба Корели во Инстаграм војна – И двете се фалат со веренички прстени

„Прстенот ќе поцрни, а тој нема да ја ожени“ – вереницата на Буба Корели е мета на потсмев на социјалните мрежи откако таа се фалеше дека веќе 8 години е верена со него, а сите знаат дека босанскиот музичар има уште една девојка со која е во јавна врска.

verenicata-i-ljubovnicata-na-buba-koreli-vo-instagram-vojna-i-dvete-se-falat-so-verenichki-prsteni-01.jpg

Откако пред извесен период на социјалните мрежи вирално се прошири вознемирувачката снимка на која се гледа како босанскиот рапер Буба Корели ја кубе и ја влече својата девојка Петра, на сите им стана јасно дека тој живее двоен живот: има една вереница која ја крие од јавноста и девојка која е со него.

Очигледно некои девојки се подготвени да истрпат многу во име на љубовта, а таков е случајот и со вереницата на Буба Корели (чие вистинско име е Амар Хоџиќ), Јасмина Ѓудерија со која е верен веќе 8 години, а која ја прифаќа и неговата врска со моделот Петра Цупар, која играше во неговиот спот за песната Balenciaga.

Пред неколку месеци, врската на Буба Корели и Петра беше во фокусот на јавноста кога беше објавено видеото на кое се гледа како тој ја влече и ја кубе за коса.

verenicata-i-ljubovnicata-na-buba-koreli-vo-instagram-vojna-i-dvete-se-falat-so-verenichki-prsteni-05.jpgФото: Инстаграм - Петра Цупар

Сега, неговата вереница Јасмина одговараше на прашања од следбениците на својот Инстаграм профил, па тие ја прашаа и за тоа кој е нејзиниот љубовен статус, на што таа објави фотка со вереничкиот прстен и одговори:

„Верена од 2016-та година“.

verenicata-i-ljubovnicata-na-buba-koreli-vo-instagram-vojna-i-dvete-se-falat-so-verenichki-prsteni-04.jpgФото: Инстаграм - Јасмина Ѓудерија

Брзо потоа, фотографијата од нејзиното Стори на Инстаграм беше споделена на Твитер, каде беа упатени голем број критики до неа и за тоа што прифаќа да биде во врска во која не е единствената жена, а беше критикувана и за папучите што ги носи:

„Претажно“;

„Дали ова е UGG од Капали Чаршија“;

„Уште 2 години, па ќе бидат 10 години верени. Ова е најдолгата веридба во историјата“;

„Нека чека кутрата до 10-тата година од веридбата, па можеби и ќе ја земе за жена. Прстенот може и да поцрни, а тој со Јеца нема да се ожени“;

„Моја Јасмина, Господ нека ти дава памет. Ем го чекаш толку години, ем носиш евтини копии на нозете... Па и девојка има... Ова е навистина коктел за љубов“;

verenicata-i-ljubovnicata-na-buba-koreli-vo-instagram-vojna-i-dvete-se-falat-so-verenichki-prsteni-02.jpgФото: Инстаграм - Јасмина Ѓудерија

Инаку, веднаш по неа, на прашања на следбениците одговараше и втората девојка на Буба Корели, која на прашањето кој е најубавиот подарок што го добила, објави видео од веренички прстен и напиша:

„Од Амар...“

verenicata-i-ljubovnicata-na-buba-koreli-vo-instagram-vojna-i-dvete-se-falat-so-verenichki-prsteni-07.jpgФото: Инстаграм - Петра Цупар

По ова, веднаш имаше реакции и на Твитер, па дел од твитерџиите коментираа:

„Еве ја и втората султанија се јави...“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 годи... Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повтор...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg