Во брак е со арапски бизнисмен, има 6 компании: Факти за Јелена Бин Драи, поранешната Мис на Југославија

Во 1998 година, кога беше прогласена за Мис на Југославија, Јелена победи и во уште две категории на натпреварот за убавина. Денес е во брак со богат арапски бизнисмен, но и самата е доста успешна и води дури шест компании.

poranesnata-misica-koja-se-omazi-za-seik-01.jpg

Животната приказна на Јелена Јаковлевиќ Бин Драи звучи како модерна бајка. Убавата манекенка, модна дизајнерка и поранешна Мис на Југославија, во 2008 година се омажи за богатиот арапски бизнисмен Саид Бин Драи.

Иако живее во луксуз, Јелена и самата е успешен бизнисмен и води шест компании, а е грижлива сопруга и мајка на четири деца.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Bin Drai (@jelenabindrai)

Денес има сè што посакува, но нејзините почетоци не биле ни малку лесни.

Родена е на 16 мај 1979 година во Шабај, недалеку од Нови Сад, а се прослави кога во 1998 година беше прогласена за Мис на Југославија.

Таа е единствената која успеа да освои три титули на едно натпреварување и влезе во историјата освојувајќи три од пет титули на еден натпревар за убавина.

Јелена не крие дека нејзиниот пат до успехот не бил послан со рози. Имено, во една пригода на Инстаграм сподели дека во тоа време нејзиното семејство било многу сиромашно, а на натпреварот кој ѝ донесе најголем успех во кариерата во публиката бил само татко ѝ бидејќи не можеле да си дозволат да платат влез за мајка ѝ и брат ѝ.

„Септември 1998 година, се сеќавам како да беше вчера. Само татко ми беше таму кога бев на сцената. Мајка ми и брат ми мораа да останат во фоајето на хотелот, пред вратата на ходникот.

Во тој момент на сметката имавме само 100 германски марки, што беше доволно за само еден билет“, напиша Јелена.

Овој натпревар ѝ го отвори патот кон успехот, па Јелена потоа соработувала со бројни агенции, а исто така многу патувала и извесен период живеела во Италија.

Во 2001 година заминала во Дубаи како еден од првите супермодели од регионот и во тој момент не ни сонувала дека токму тука ќе ја пронајде љубовта на својот живот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Ѓоковиќ во кул комбинација и накит од 4.000 евра издоминира во Скопје: Се дружеше со Македонц... Јелена Ѓоковиќ во Скопје беше облечена во циклама панталони со висок струк и кош...
Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg