Само на костими потрошила 50.000 евра – Колку пари заработи Александра Пријовиќ од петте концерти во Осиек?

Петте концерти на Александра Пријовиќ во Осиек ги посетиле околу 25.000 луѓе, а Хрватите опседнатоста на нивната публика со српската пејачка уште ја нарекуваат и „пријоманија“. Колку пари заработила пејачката од овие настапи?

samo-na-kostimi-potroshila-50-000-evra-kolku-pari-zaraboti-prijovikj-od-pette-koncerti-vo-osijek-01.jpg

Српската пејачка Александра Пријовиќ минатата недела одржа пет концерти во Осиек, Хрватска, а според пишувањата на регионалните медиуми, голем број други познати музичари би можеле да ѝ завидат на сумата што ја заработила.

Петте концерти на Александра Пријовиќ ги посетиле околу 25.000 фанови, а според пресметките на хрватскиот портал 24sata.hr, таа само од продажба на билети заработила околу 875.000 евра.

„Но, од тоа треба да се одземат трошоците за закуп на салата, сценографијата, светлата, бендот... Тие трошоци не се мали, но наспроти заработката се занемарливи.

Александрам според ценовникот на салата, само за закупот на простор платила околу 50.000 евра за петте концерти“ – пишува порталот.

Освен тоа, пејачката задолжително требало да плати и осигурителна полиса за несреќни случаи или одговорност за работите.

Според српските медиуми, пак, Александра би заработувала многу повеќе пари кога би штедела повеќе на костимите и на продукцијата.

samo-na-kostimi-potroshila-50-000-evra-kolku-pari-zaraboti-prijovikj-od-pette-koncerti-vo-osijek-02_copy.jpg

Наводно, нејзините пријатели и членови на семејството се обиделе да ја убедат да не фрла толку пари на тоа:

„Само за стилисти, костими и комплетниот тим што е задолжен за нејзиниот изглед, Пријовиќ издвои над 50.000 евра.

Таа е суров професионалец и не жали пари за сè да биде перфектно и публиката од нејзиниот концерт да си замине среќна.

Заради тоа, таа во моментов е најпопуларната, најуспешната и најплатената српска пејачка“ – пишуваат српските медиуми повикувајќи се на извори блиски до пејачката.

Наводно, пејачката е свесна дека овој период е минлив и дека во моментов го живее својот најголем сон што можеби никогаш нема да ѝ се повтори, па затоа сака од нејзините концерти да има видео снимки што ќе сведочат за нејзиниот огромен успех.

samo-na-kostimi-potroshila-50-000-evra-kolku-pari-zaraboti-prijovikj-od-pette-koncerti-vo-osijek-03_copy.jpg

Инаку, кога ќе се одземат сите трошоци, се претпоставува дека на Пријовиќ ѝ останале околу половина милион евра, што воопшто не е ниска сума и на која може да ѝ завидат голем број нејзини повозрасни колешки.

Прочитајте и Гласини за афера со менаџерот, нападнала девојка во публиката – Сите скандали на Александра Пријовиќ

samo-na-kostimi-potroshila-50-000-evra-kolku-pari-zaraboti-prijovikj-od-pette-koncerti-vo-osijek-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

„Животот ни даде сè“ - Александра Пријовиќ објави прва фотка од ќерката - прослава во ресторан, баби... Гордата баба Борка Михајловиќ (мајката на Александра Пријовиќ) носи маица на кој...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Чини 5 милиони евра, има 2.000 огледала - Српскиот „бог на веѓите“, кој наплаќа по 600 евра, се пофа... Самонаречениот „бог на веѓите“, Адам Адактар, кој своевремено откри дека за 600 ...
Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...
Александра Пријовиќ сака да ги „покаже“ парите - Прошета со чанта од 9.000 евра и сако од 2.500 евра Александра Пријовиќ се појави во елегантен црн фустан од брендот Victoria Beckha...

Најчитани неделава