Потекнува од Македонија, зборува 6 јазици – Факти за Нигар Калфа од „Сулејман Величествениот“

Родена е во Македонија, но има двојно државјанство. На 6 години првпат застанала на театарската сцена како актерка. Факти за Филиз Ахмет, кај нас најпозната по улогата од серијата „Сулејман Величествениот“.

zavrshila-medicina-i-zboruva-6-jazici-fakti-za-akterkata-koja-ja-glumeshe-nigar-kalfa-vo-serijata-sulejman-velichestveniot-01.jpg

Познатата актерка Филиз Ахмет е родена на 15 април 1981 година во Скопје. Филиз има двојно државјанство - македонско и турско.

Потекнува од актерско семејство: нејзината мајка работи како суфлер, додека нејзиниот дедо, Луфту Сејфулах, бил Македонец со турско потекло, сценски глумец и соосновач на Македонско-турскиот театар.

zavrshila-medicina-i-zboruva-6-jazici-fakti-za-akterkata-koja-ja-glumeshe-nigar-kalfa-vo-serijata-sulejman-velichestveniot-02.jpg

Театарот е нејзината најголема љубов, а имала само 6 години кога за првпат застанала на штиците што живот значат.

Филиз Ахмет завршила медицинско училиште, а потоа и Академија за ликовни уметности во Скопје во 2003 година.

Зборува 6 јазици: македонски, турски, шведски, англиски, српски и бугарски.

zavrshila-medicina-i-zboruva-6-jazici-fakti-za-akterkata-koja-ja-glumeshe-nigar-kalfa-vo-serijata-sulejman-velichestveniot-16.jpg

Филиз е една од најбараните актерки во Турција, а нејзиниот пробивен настап се случил во 2007 година, кога се појавила во улогата на Зарифе во серијата „Збогум Румелија“. 

Голема популарност стекна со улогата на Нигар Калфа во серијата „Сулејман Величествениот“.

zavrshila-medicina-i-zboruva-6-jazici-fakti-za-akterkata-koja-ja-glumeshe-nigar-kalfa-vo-serijata-sulejman-velichestveniot-17.jpg

Додека работела на оваа серија, единствено нешто што ѝ недостигало било само семејството.

Никогаш претходно не се одвоила од своите на толку долг период.

Таа улога ја однела до самиот врв на актерската сцена и оттогаш бележи само успеси. 

zavrshila-medicina-i-zboruva-6-jazici-fakti-za-akterkata-koja-ja-glumeshe-nigar-kalfa-vo-serijata-sulejman-velichestveniot-14.jpg

За медиумите има изјавено дека популарноста не ѝ пречи и дека ѝ одговара што публиката ја сака, затоа што тоа го смета за потврда дека добро ја работи својата работа.

Мора да се признае дека и на 42-годишна возраст, Филиз може да се пофали со младолик изглед. Од година во година, изгледа сѐ подобро.

zavrshila-medicina-i-zboruva-6-jazici-fakti-za-akterkata-koja-ja-glumeshe-nigar-kalfa-vo-serijata-sulejman-velichestveniot-10.jpg

Често експериментира со фризурите и ја имаме видено во различни изданија.

Обожава да патува и секој слободен момент го користи да посети некоја нова дестинација, а тоа се гледа и по фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил.

Повеќе нејзини фотографии погледнете на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...
Сестрата на убиената Ксенија Пајчин со емотивна порака за нејзиниот 48 роденден: „Би дала сè да те г... „Често нè замислувам, јас со моите на 28 години, ти на 48 години, како би ни бил...
Островот Крит како сцена од апокалиптичен филм: Портокалово небо и прашина поради песочна бура од Са... Поради песочна бура од Сахара, вчера островот Крит беше покриен со прашина, а по...
Сале Тропико за разделбата со Јована Пајиќ: „Ме болеа нејзините солзи, љубовта не треба да боли“ „Кога ќе дојде до развод на брак тоа е едноставно завршена приказна, но преживеа...
Марија Микиќ првпат проговори за разводот, низ солзи: „Не се случи преку ноќ, тежок период е“ (видео... „Жена за да се разведе мора да склопи некои коцки во глава, сè е тоа тешко секак...

Најчитани неделава