Сестрата на убиената Ксенија Пајчин со емотивна порака за нејзиниот 48 роденден: „Би дала сè да те гушнам уште еднаш“
- Детали
- четврток, 04 декември 2025
„Често нè замислувам, јас со моите 28 години, ти на 48 години, како би ни било, како сè би изгледало поубаво и полесно да беше тука“, пишува Миа Пајчин, која објави стара фотографија со убиената пејачка.

Една од најпопуларните пејачки на почетокот на 2000-те години во регионот беше Ксенија Пајчин.
Впечатлива на сцената и со стилот и со изгледот, имаше забавни песни и публика која ја обожаваше, поради што многумина ѝ предвидуваа одлична кариера.

Но, на врвот на нејзината популарност, Ксенија беше убиена од својот дечко, Филип Каписода, кој откако пукаше во неа, се самоуби.
Во тоа време, во 2010-та, таа имаше 32 години.

Денес, 15 години подоцна, на денот на кој би го славела својот 48 роденден, нејзината помлада полусестра Миа, на Инстаграм Стори објави фотка со Ксенија и емотивна порака.
„Те сакам. Секој ден мислам на тебе и ми недостигаш сè повеќе.
Често нè замислувам, јас со моите 28 години, ти на 48 години, како би ни било, како сè би изгледало поубаво и полесно да беше тука.
Би дала сè да те прегрнам уште еднаш. Знам дека ме чуваш. Ќе се видиме еден ден“, стои во пораката.

Иако полусестри и со голема разлика во години, двете девојки биле многу блиски, а денес Миа има тетоважа со името на Ксенија на својата рака.

За потсетување, животната приказна на Ксенија често се споделува јавно, со порака колку многу може да ескалираат проблемите со семејното насилство и дека жртвите на семејно насилство треба да ги пријават своите насилници.

Меѓу работите кои се споделуваат е и видео од едно од последните интервјуа на пејачката, каде што се гледаат модрици на нејзините раце.
Прочитајте и Вујкото и мајката на Ксенија Пајчин, која беше брутално убиена од партнерот: „Некои болки не се допираат“
А. Ј. | Црнобело