Вујкото и мајката на Ксенија Пајчин, која беше брутално убиена од партнерот: „Некои болки не се допираат“

Eдна од најголемите трагедии на јавната сцена во регионот беше кога манекенот Филип Каписода ја уби убавата српска пејачка Ксенија Пајчин. Има најава дека ќе се снима филм за нејзиниот живот и кариера, но семејството на Ксенија реагира бурно.

vujkoto-i-majkata-na-ksenija-pajchin-koja-beshe-brutalno-ubiena-od-partnerot-nekoi-bolki-ne-se-dopiraat-01_copy.jpg

Ксенија Пајчин беше брутално убиена од нејзиниот партнер во март 2010-та година. Српската пејачка беше пронајдена мртва во нејзиниот стан, заедно со нејзиниот дечко, манекенот Филип Каписода.

Тој ја уби, па се самоуби. Во неа пукаше со пиштол додека биле во нејзиниот стан.

Јавноста беше шокирана затоа што делуваа како хармоничен пар, а против него Ксенија немала поднесувано пријави.

vujkoto-i-majkata-na-ksenija-pajchin-koja-beshe-brutalno-ubiena-od-partnerot-nekoi-bolki-ne-se-dopiraat-01_copy_copy_copy.jpg

Оваа трагедија ќе добие своја екранизација и во тек се подготовки за снимање на филм за нејзиниот живот и кариера.

Но, по веста за филмот се огласи нејзиниот вујко Никола Костиќ од САД, кој за српскиот медиум Kurir откри дека неговата сестра, односно мајката на настраданата Ксенија, Љубица Костиќ жестоко се противи на снимањето на филм за нејзината наследничка.

„Мојата сестра строго се противи на снимањето на филм за нејзината ќерка и негира дека дала благослов за овој проект.

Особено е вознемирена затоа што лажат дека прифатила и се сомнева дали и колку тој филм ќе биде веродостоен.

Јас, како вујко на Ксенија, апсолутно се сложувам дека некои болки не се допираат и дека нашата трагедија не треба да се екранизира“.

Од друга страна, актерот Раде Косиќ, кој е копродуцент на филмот за Ксенија открива дека филмот нема да се занимава само со нејзината кариера, туку приказната ќе оди од почетокот, па до крајот на нејзиниот живот.

vujkoto-i-majkata-na-ksenija-pajchin-koja-beshe-brutalno-ubiena-od-partnerot-nekoi-bolki-ne-se-dopiraat-02.jpg

„Во процес сме на правење филм за Ксенија Пајчин, сè уште собираме средства. Тоа ќе биде игран филм и веќе имаме комплетно сценарио.

Ќе направиме кастинг ширум регионот, каде ќе бараме девојка која покрај физичкиот изглед, ќе има и сличен карактер како Ксенија.

Сметам дека овој филм ќе биде споменик на Ксенија.

Филмот ќе биде важен за сите жени во регионот затоа што преку херојството на Ксенија ќе сфатат дека ништо не е залудно“.

Дали навистина ќе дојде до реализација на ова филмско остварување, останува да видиме...

Прочитајте и Долго била во насилна врска што заврши со убиство – Трагичната приказна на една од најубавите Србинки, Ксенија Пајчин

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сестрата на убиената Ксенија Пајчин со емотивна порака за нејзиниот 48 роденден: „Би дала сè да те г... „Често нè замислувам, јас со моите на 28 години, ти на 48 години, како би ни бил...
Бившата снаа не ја заборава свекрвата: Во какви односи е Адријана Лима со мајката на Марко Јариќ? По разводот со Марко Јариќ, Адријана Лима има нов сопруг и трето дете, но во как...
Се сврши Кија Коцкар - прстен од 10.500€, го крие партнерот „Сакам цвеќе и букети, па сега на раката имам цвет кој ќе трае малку подолго“, р...
Северина објави фотки од синот на црковен обред за примање света потврда – момчето пораснато, мајкат... Синот на Северина, Александар, веќе е големо момче со шармантна насмевка дотеран...
Едита раскина со мажот со кого чека дете - Бил мета на убиство, по грешка му ја убиле тогашната дево... Само неколку недели откако Едита Арадиновиќ објави дека е бремена и чека дете со...
Трагедија го потресе регионот: 5-годишно момче се удави во аква парк во Србија - тренер по пливање г... Децата безгрижно си играле и се капеле во детскиот базен, кога за само еден миг ...

Најчитани неделава