Се запознале кога имала само 16 години: Која е сопругата на Ален Исламовиќ?

„Порано Марјана знаеше да доаѓа со мене на турнеите. Патувавме заедно и лудо се забавувавме. Имаше периоди кога толку многу ќе се опиевме, што ни требаа три дена да се отрезниме“, вели Ален Исламовиќ за жената што ја љуби скоро 45 години.

se-zapoznale-koga-imala-samo-16-godini-koja-e-soprugata-na-alen-islamovikj-01.jpg

Ален Исламовиќ (66), еден од легендарните пејачи на југословенската сцена, уште од почетокот на кариерата привлекувал внимание со својот изглед и пеење. И без разлика дали настапувал со „Бијело дугме“ или како соло изведувач, Исламовиќ отсекогаш бил миленик на жените.

По него лудуваа дамите од цела поранешна Југославија, но срцето му го украде само на една, и тоа кога имал 22 години.

Ален Исламовиќ скоро 45 години е во љубов со Марјана. Се запознале кога таа имала 16 години, а тој 22.

Бидејќи била малолетна, врската ја криеле скоро две години.

„Марјана ја запознав кога имаше 16. Бев никој, само локален пејач во групата 'БАГ'. Чекавме да наполни 18 години, да стане полнолетна, и да им каже на своите родители дека сме заедно.

Во текот на сите овие години успешно ги надминавме сите бури и се трудевме да преживееме, да си го зачуваме мирот“, изјави тој во едно дамнешно интервју.

Иако се појавуваат често заедно во јавноста, пејачот сепак не зборува многу за приватниот живот.

„Таа ми беше најголема поддршка низ сето она што го поминав и во сите одлуки што ги донесов, а кои некогаш беа болни и неизвесни.

Бракот е компромис, безбедно пристаниште и треба да знаеш како да го зачуваш“, вели музичарот.

se-zapoznale-koga-imala-samo-16-godini-koja-e-soprugata-na-alen-islamovikj-03.jpg

Од фотографиите што и тој и сопругата ги објавуваат на Инстаграм, може да се види дека често патуваат заедно, но и дека се многу посветени на децата и внуците.

„Порано Марјана знаеше да доаѓа со мене на турнеите. Патувавме заедно и лудо се забавувавме.

Имаше периоди кога толку многу ќе се опиевме, што ни требаа три дена да се отрезниме“, изјави тој.

se-zapoznale-koga-imala-samo-16-godini-koja-e-soprugata-na-alen-islamovikj-02.jpg

Парот има две ќерки Уна (36) и Лара (29), но и три внуци.

„Постарата ќерка се роди додека бев на турнеја со ‘Бијело дугме’. Поради неколкумесечните турнеи што ги имавме, целосно го пропуштив растењето на мојата постара ќерка.

Во тој период за нејзиното воспитување беше задолжена сопругата.

Денес, кога и двете ќерки имаат свои семејства, се радувам што гледам дека израснаа во скромни девојки кои го сакаат своето семејство, кои имаат верни и искрени пријатели.

Знаат до каде можат да одат со нас и никогаш не нè повредиле“, вели Исламовиќ.

se-zapoznale-koga-imala-samo-16-godini-koja-e-soprugata-na-alen-islamovikj-05.jpg

За Марјана се знае и дека е католик, а Ален е муслиман, па тој во едно интервју откри дека ги слават празници од двете религии.

„Ја почитуваме традицијата. Во нашиот дом во Загреб, на пример, еден месец се подготвува Божиќ и тоа е вистинска фешта“, вели тој.

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Најубавата жена“ - Сопругата на Огњен Амиџиќ, која беше мета на критики, конечно почна да добива по... „Колку си само благословено убава жено...“ е еден од комплиментите кој го добила...
На 62 години го запозна мажот на својот живот, го загуби по 15 години - Тажната љубовна приказна на ... „Кога во 2009 Славко се вратил во Белград од САД, наши пријатели решиле да нè сп...
Србинка (77) има 35 години помлад сопруг: „Привилегија е да имате млад маж - патуваме со кампер, тој... Сопругот (41) разголен ѝ приготвува риба во кампер, таа изгледа неверојатно и на...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Ноле и Јелена Ѓоковиќ слават 10 години брак: Тенисерот ѝ посвети љубовна песна на сопругата (видео) „10 години сме како едно, ќе те сакам засекогаш“: Ноле ѝ посвети љубовна песна н...
Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 годи... Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повтор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg