Во ултра краток комбинезон и со длабоко деколте, најубавата турска актерка го освои Париз

По гласините дека морала да се откаже од глумата за да може да стане снаа во едно од најбогатите семејства, турската актерка Ханде Ерчел се појави на Модната недела во Париз, во аутфит кој не остави премногу на имагинацијата.

vo-ultra-kratko-izdanie-i-so-dlaboko-dekolte-najubavata-turska-akterka-go-pokori-pariz-01.jpg

Ханде Ерчел (30) во моментов важи за една од најубавите турски актерки, а таа се појави на Модната недела во Париз и тоа во ултра краток комбинезон со длабоко деколте.

Ханде која кај нас стана позната по улогата во серијата „Немирно лето“ и по врската со Керем Бурсин, во родната Турција важи за една од најубавите и најзгодните млади актерки.

vo-ultra-kratko-izdanie-i-so-dlaboko-dekolte-najubavata-turska-akterka-go-pokori-pariz-02.jpg

Во рамки на Модната недела во Париз, таа се појави како гостинка на ревијата на модната куќа Balmain, а по тој повод носеше нивен модел од колекцијата пролет/лето 2024.

vo-ultra-kratko-izdanie-i-so-dlaboko-dekolte-najubavata-turska-akterka-go-pokori-pariz-03.jpg

Заради ултра краткиот модел со длабоко деколте, сите погледи беа вперени во неа и таа привлекуваше внимание од моментот кога излезе од автомобилот на улиците во Париз.

„Ви благодарам за незаборавната вечер. Навистина беше чест да добијам покана за такво спектакуларно шоу“ – напиша Ханде до фотките на кои позира во моделот.

Инаку, турската актерка во моментов привлекува внимание и заради нејзината врска со бизнисменот Хакан Сабанџи.

vo-ultra-kratko-izdanie-i-so-dlaboko-dekolte-najubavata-turska-akterka-go-pokori-pariz-21.jpg

Тие двајца се заедно околу една година, а актерката редовно објавува фотографии во кои не ја крие љубовта за нејзиниот сакан.

vo-ultra-kratko-izdanie-i-so-dlaboko-dekolte-najubavata-turska-akterka-go-pokori-pariz-22.jpg

Хакан потекнува од едно од најбогатите турски семејства, па дел од турските медиуми пишуваат дека таа ќе треба да се откаже од актерската кариера и да се врати на студиите за да ги задоволи високите критериуми на нејзиниот дечко, ако сака да стане дел од семејството.

Дополнително овие гласини беа подгреани откако таа од својот инстаграм профил, ја избриша професијата „актерка“.

На следната страница погледнете уште неколку фотографии од нејзиното појавување во Париз...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава