Мајката на српската претставничка на Евровизија: „Влашките гатачки ѝ предвидоа успех“

„Јас сум магистер по антропологијата и се занимавам со човековите верувања и мислења, а магијата е првото човечко верување“ – појаснува мајката на Теодора Павловска, претставничката на Србија на Евровизија. Таа откри што ѝ предвиделе влашките гатачки за ќерката.

majkata-na-srpskata-pretstavnichka-na-evrovizija-vlashkite-gatachki-i-predvidea-uspeh-01.jpg

По победата на Теодора Павловска, попозната како Теја Дора, на српскиот избор за Песна за Евровизија, српските медиуми покажаа голем интерес и за нејзината мајка Јасна Јојиќ, која е добар познавач на влашката магија и на таа тема објавила неколку книги.

Таа даде интервју за српски Blic, каде зборуваше за нејзиниот интерес за магијата, но и за тоа што ѝ предвиделе гатачките за нејзината ќерка.

„Јас сум магистер по антропологијата и се занимавам со човековите верувања и мислења, а магијата е првото човечко верување.

Јас малку повеќе се насочив на развојот на магијата во областа каде што сме родени јас и Теодора и многу го сакаме тој крај.

Прво правев репортажи за влашката магија и правев и интервјуа со бабите што се занимаваат со влашката магија“ – вели Јасна.

majkata-na-srpskata-pretstavnichka-na-evrovizija-vlashkite-gatachki-i-predvidea-uspeh-05.jpg

Таа потоа целиот материјал од интервјуата го собрала во книги коишто ги објавила, а тврди дека запознала голем број видовити луѓе во чијашто моќ за предвидување се уверила врз основа на нивните остварени пророштва.

majkata-na-srpskata-pretstavnichka-na-evrovizija-vlashkite-gatachki-i-predvidea-uspeh-02_copy_copy.jpgфото: Јутјуб - принтскрин

На прашањето дали некој од тие видовити луѓе го предвидел успехот на Теодора, Јасна одговара:

„Да! Секогаш пред да им направам интервју на некои од гатачките, барав прво да ми кажат мене нешто од минатото за да знам дали станува збор за измамници.

Една жена го предвиде патувањето на Теодора во Америка. Ми рече дека гледа големо море и дека детето ќе ми замине таму и дека таа ќе има голем успех.

Инаку, јас исто така многу ја сакам и астрологијата, а наталната карта на Теодора ми покажа дека таа ќе оствари голем успех“.

majkata-na-srpskata-pretstavnichka-na-evrovizija-vlashkite-gatachki-i-predvidea-uspeh-04_copy_copy.jpg

Инаку, таткото на Теодора е ликовниот уметник Гандра Драган Павловски, кој живеел во Кипар додека таа била мала.

Така, пејачката во лето била кај него, а во текот на учебната година со мајка ѝ во Бор во Србија.

Интересно е тоа што, кога немало кој да ја чува и Теодора одела заедно со мајка ѝ на работа и присуствувала за време на дел од нејзините репортажи.

Прочитајте и Која е Теодора Павловска – Девојката што ќе ја претставува Србија на Евровизија?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Празнична магија во домот на Лидија Вукичевиќ - природна елка со воз на шини, камин и безброј украси... „Бајката ја направив сама, а магијата ја делам со вас“, напиша таа на Инстаграм ...
Теодора Џехверовиќ со исповед за првата операција на 16 години, a бившиот ja покажа новата девојка н... Сите уште ја помнат врската на Теодора и кошаркарот Нино Челебиќ, но тој продолж...

Најчитани неделава