Секоја чест! Србин се грижи за над 1.500 бездомни кучиња во неговото засолниште

„За жал, Србија е земја каде што нема систематско решение за проблемот со напуштени животни. Ние пробуваме да му помогнеме на секое животно“, открива Србинот Дејан во чие засолниште се згрижени над 1.500 бездомни кучиња.

bravo-mazh-od-srbija-se-grizhi-za-nad-1-500-bezdomni-kuchinja-vo-negoviot-shelter-01.jpg

Бездомните кучиња се сериозен проблем во скоро сите македонски градови.

А, кучиња се најмали виновници, бидејќи за жал, тие се оставани на улица од неодговорни сопственици кои повеќе не сакаат да се грижат за нив.

Слична е ситуацијата и во соседна Србија каде здруженијата за животни имаат полни раце работа, но сепак не можат да им помогнат на сите бездомни животни.

Но, во Србија има и хуман човек кој прави многу за уличните кучиња – тој има засолниште каде што се згрижени дури 1.500 кучиња.

bravo-mazh-od-srbija-se-grizhi-za-nad-1-500-bezdomni-kuchinja-vo-negoviot-shelter04.jpg

Дејан Гачиќ го отворил засолништето во српското село Чумиќ со помош на неговата покојна мајка Светлана.

Според веб-сајтот на засолништето, пред 20-тина години Дејан и мајка му почнале да ги хранат бездомните кучиња во селото.

Другите жители на селото го забележувале ова, па Дејан и мајка му стекнале репутација како луѓе кои ги сакаат животните.

Поради ова, биле замолени да му помогнат на волк кој бил чуван во заробеништво.

Мажот којшто го чувал волкот планирал да го пушти во планината, за да може да го брка со други ловџии и кучиња и да го убие.

Дејан без двоумење го откупил волкот, па го скрил во неговиот подрум.

bravo-mazh-od-srbija-se-grizhi-za-nad-1-500-bezdomni-kuchinja-vo-negoviot-shelter02.jpg

Оттогаш, со мајка му почнале да згрижуваат и кучиња, па во 1997-ма го отвориле засолништето кое е познато како Vucjak Shelter.

По смртта на мајка му, Дејан само продолжил со работа и на почетокот засолништето било мошне мало, за низ годините бројот на кучиња да достигне повеќе од 1.000.

Во 2014-та, пак, Дејан, со помош од донатори и добротворна организација, изградил и засолниште за волци, односно вид резерват.

bravo-mazh-od-srbija-se-grizhi-za-nad-1-500-bezdomni-kuchinja-vo-negoviot-shelter03.jpg

Ова е голема оградена површина, каде што Дејан ги пушта волците кои ги спасува од заробеништво.

До 2019-та, на резерватот имало повеќе од 25 волци.

Од друга страна, засолништето за кучиња работи со полна пареа и, како што пишува на веб-сајтот, целта е да се згрижат напуштените и болни животни во близина на селото и Крагуевац.

Сепак, Дејан вели дека честопати имаат финансиски проблеми бидејќи целиот проект зависи од донации.

Потребни се и повеќе куќички за кучињата, но и средства за храна, лекови, ветеринар...

Неретко, тој бара помош преку објави на Инстаграм, а многу следбеници несебично донираат и купуваат храна.

„За жал, Србија е земја каде што нема систематско решение за проблемот со напуштени животни.

Луѓето кои се грижат за овие животни треба да се снаоѓаат сами и обично се напаѓани и не се третирани добро од надлежните.

Ние пробуваме да му помогнеме на секое животно“, открива Дејан за Bored Panda.

Повеќе фотки од неговото засолниште на следната страница …



Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Мајка и ќерка на одмор – Мелина Џиновиќ во лежерно издание со репче позира со Џина, по свадбата со м... Џина сподели ретко видео со мајка ѝ Мелина, која неодамна се омажи за милионер в...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...

Најчитани неделава