Девојките го одбегнувале затоа што бил славен, од војната побегнал само со пластична ќеса - Факти за Саша Лошиќ од „Плави оркестар“

Долго чекал да ја запознае вистинската личност за него, а кога ја сретнал се вљубил на прв поглед. По огромната слава во Југославија, морал да бега од војната и да бара засолниште во Словенија – Што знаеме за Саша Лошиќ – Лоша, фронтменот на „Плави оркестар“.

devojkite-go-odbegnuvale-zatoa-shto-bil-slaven-od-vojnata-pobegnal-samo-so-plastichna-kjesa-fakti-za-sasha-loshikj-od-plavi-orkestar-01.jpg

„Плави оркестар“ беше еден од најпопуларните бендови во поранешна Југославија, а биографијата на фронтменот на бендот Саша Лошиќ е долга и импресивна.

Годинава ќе наполни 60 години, а денес живее во Австрија со својата партнерка Шпела Можина.

Саша Лошиќ, попознат како Лоша важи за човек кој ретко зборува за својот приватен живот, но сепак во неколку наврати дал опширни интервјуа, каде се опфатени повеќе податоци за неговиот живот и кариера.

Саша е роден во 1964-та година во Бања Лука, каде неговиот татко Доброта работел како новинар, а мајка му била библиотекарка.

По катастрофалниот земјотрес во Бања Лука во 1968-ма година семејството морало да се пресели во Сарајево, каде татко му бил еден од основачите на ТВ Сарајево, а мајка му работела во библиотека.

devojkite-go-odbegnuvale-zatoa-shto-bil-slaven-od-vojnata-pobegnal-samo-so-plastichna-kjesa-fakti-za-sasha-loshikj-od-plavi-orkestar-02_copy.jpg

Љубовта за музиката кај Саша се родила благодарение на неговата мајка, која свирела на гитара, а со оглед на тоа што татко му бил презентер на вести, Саша не бил премногу фасциниран со животот на јавна личност.

„Родителите секогаш ми зборуваа да бидам добар човек, за да ми се врати добро, а иако сум единец, не бев разгален. Честопати многу работи ги правев на своја штета, подарував гитари на другарите што не можеа да си ги дозволат“ – раскажува Саша.

devojkite-go-odbegnuvale-zatoa-shto-bil-slaven-od-vojnata-pobegnal-samo-so-plastichna-kjesa-fakti-za-sasha-loshikj-od-plavi-orkestar-04.jpg

Саша го формирал првиот бенд уште во основно образование и во една пригода рече дека заради тоа попуштил во училиштето и морал да оди на поправен испит.

Откри дека добил единица и по физичко, затоа што постојано бегале од часови, па професорот, за да му ја поправи оцената, го натерал да копа канали за канализација во училиштето каде што учел.

devojkite-go-odbegnuvale-zatoa-shto-bil-slaven-od-vojnata-pobegnal-samo-so-plastichna-kjesa-fakti-za-sasha-loshikj-od-plavi-orkestar-03.jpg

Во едно интервју вели дека за време на средното образование важел за „губитник“ затоа што друштвото излегувало на места каде што се слушала панк и рок музика, додека девојките биле повеќе заинтересирани за студенти по стоматологија и електротехника.

devojkite-go-odbegnuvale-zatoa-shto-bil-slaven-od-vojnata-pobegnal-samo-so-plastichna-kjesa-fakti-za-sasha-loshikj-od-plavi-orkestar-06.jpg

По завршувањето на средното образование се запишал на факултет за индустриски дизјан, но брзо сфатил дека тоа не е вистинската професија за него.

devojkite-go-odbegnuvale-zatoa-shto-bil-slaven-od-vojnata-pobegnal-samo-so-plastichna-kjesa-fakti-za-sasha-loshikj-od-plavi-orkestar-09.jpg

Во 1983-та година Саша го формирал бендот „Плави оркестар“ и ниту сам не бил свесен што го снашло одеднаш. Благодарение на големиот број хитови што ќе ги снимат - од анонимни момчиња, членовите на групата стануваат едни од најпознатите мажи во тогашна Југославија.

Но, самиот вели дека кариерата не му помогнала многу кај девојките, кои најчесто го одбивале со реченицата: „Мислиш дека треба да се вљубам затоа што ти си Лоша од Плави Оркестар?“

devojkite-go-odbegnuvale-zatoa-shto-bil-slaven-od-vojnata-pobegnal-samo-so-plastichna-kjesa-fakti-za-sasha-loshikj-od-plavi-orkestar-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Саша Ковачевиќ ќе стане татко, неговата свршеница Зорана е бремена со второ дете Парот се сврши во октомври 2025, а Саша постојано истакнува дека би сакал да има...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...

Најчитани неделава