Приказната на Дино Мерлин и неговата Амела – љубовта ги победила сите препреки, таа му е најголема поддршка

Родителите на неговата сакана не го прифаќале затоа што бил сиромашен, некогаш немале пари ниту за леб, се венчале тајно, а денес имаат хармоничен брак и љубов која трае 4 децении - Што знаеме за љубовта на Дино Мерлин?

prikaznata-na-dino-merlin-i-negovata-amela-ljubovta-gi-pobedila-site-prepreki-taa-mu-e-najgolema-poddrshka-01.jpgфото 1 /

?ref=embed_post" target="_blank" rel="noopener">фото 2 / фото 3 / фото 4

Самиот знае да каже дека за него сопругата и она што го има со неа не се за на насловните страници, тој е од оние кои својата приватност сака да ја задржи за себе. 

Иако јавноста нема прилика често да го види Дино Мерлин со својата понежна половина, сепак тие ја негуваат љубовта и бракот повеќе од 39 години.

Дино Мерлин ретко зборува за својот приватен живот, но на неколкупати има зборувано за почетокот на љубовната врска со својата сопруга Амела.

„Ја видов во џамија, ѝ пријдов и сигурно ѝ кажав нешто неодоливо штом и денес е со мене“ – има изјави Дино во една прилика.

Бидејќи бил сиромашно момче, родителите на Амела не го прифаќале на почетокот на нивната врска.

Заедно успеале да минат низ многу притисоци за да бидат она што се денес, нераздвојни партнери и најголема поддршка еден на друг.

Кога се запознале, Амела имала 16, а Дино 17 години и учел во браварско училиште, па нејзините родители биле против нивната врска која траела пет години, пред да решат да стапат во брак.

Бидејќи потекнувала од добро ситуирано семејство, нејзините родители сакале таа „да најде некој на нејзино ниво“.

prikaznata-na-dino-merlin-i-negovata-amela-ljubovta-gi-pobedila-site-prepreki-taa-mu-e-najgolema-poddrshka-02.jpg

„Се боревме, се криевме, но никој не можеше да нè раздели. По пет години тајно се венчавме. Тоа беше романтична свадба, иако буквално ја киднапирав сопругата.

Со нас беа само мојот кум и сестрата на Амела, која беше кума. Говорот на матичарот ми беше предолг, постојано гледав во вратата да не дојде некој и да ни ја расипе среќата.

По венчавката отидовме на свадбено патување во Дубровник, а кога се вративме, се преселивме кај мајка ми и веднаш го почувствувавме влијанието на секојдневието.

Ме чекаше голема одговорност за семејството и напорна работа, а родителите на Амела беа толку лути што половина година не сакаа ни да слушнат за неа.

Но, времето лекува сè, па денес тие ме сакаат дури и повеќе отколку што заслужувам“ –  открил пејачот во една прилика за медиумите од регионот.

Иако денес има слава и пари, сепак не било секогаш така. Имало денови кога буквално немале пари ниту за леб, но заедно со љубов успеале да ги надминат тешките денови.

Интересно е тоа што Дино почнал да се занимава со музика во 1983 година кога го основал бендот Мерлин и тоа на идеја на Амела.

„Ја прашав што мисли да почнам да се занимавам со музика“, а таа ми рече: Почни, твоите песни се најубави.

Можете ли да замислите каков ветар во грб ми беше, кога саканата личност ќе ти каже дека твоите песни се најубави?“.

За својата муза ја напиша песната „Kad si rekla da me volis“.

На 8 август 1979 година Амела му го кажала првото „Те сакам“ на Мерлин, па од тој ден до денес пејачот секое утро ја има таа привилегија да го слуша нејзиниот глас.

Инаку Дино и Амела ги имаат ќерката Наида и синот Хамза. Во улога на дедо и баба се остварија кога синот им го даде првото внуче. Момчето го добило името Незир, по таткото на Амела.

Хамза е дел од менаџерскиот тим на Дино Мерлин, а многумина велат дека е вистинска копија на татко си, додека Наида се занимава со информатички науки.

Има завршено постдипломски студии на Оксфорд во Велика Британија.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...

Најчитани неделава