Сакис Рувас не старее - на 52 години згоден како во младоста (фото + видео)

„Вистински бог“, „Најубавиот Грк“, „Зошто јас стареам, а ти си и понатаму ист?“, му напишаа фановите на Сакис Рувас, откако објави видео на кое игра во проѕирна маичка, под која се гледа згодното тело.

sakis-ruvas-ne-staree-na-52-godini-zgoden-kako-vo-mladosta-foto-video-01.jpg

Грчкиот пејач Сакис Рувас важи за една од најголемите ѕвезди во земјата, но е и еден од најомилените евровизиски пејачи на сите времиња.

Шармантниот Грк, кој е роден на островот Крф, на 5 јануари наполни 52 години, но и понатаму изгледа како во младоста.

Згоден, шармантен, со по некоја брчка и неколку седи влакна, Сакис како да не старее.

На својот Инстаграм постојано споделува фотки и видеа од настапите, но и од приватниот  живот, а фановите не пропуштаат да му искоментираат дека е „вистински Аполон“.

Неодамна Сакис повторно привлече внимание со изгледот, откако објави видео како игра во својата гардероба пред настап, а е облечен во проѕирна маичка и сако.

Под блузата можат да се забележат и неговите стомачни мускули, па ни овој пат не изостанаа комплиментите.

„Вистински бог“, „Најубавиот Грк“, „Сакис, зошто јас стареам, а ти си и понатаму ист?“, му напишаа фановите.

За потсетување, Сакис се стекна со европска слава кога во 2004 година ја претставуваше Грција на Евросонг со песната Shake It.

Во 2006 беше водител на Евровизија што се одржа во Атина, а потоа си ја проба среќата и во 2009, кога настапи во Москва, тој пат со песната This Is Our Night.

Во брак е со моделот Катиа, со која има 4 деца - две ќерки и два сина.

Повеќе фотографии од Сакис:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...

Најчитани неделава