Маја Беровиќ на крштевката на синот во фустан од латекс и без градник – веднаш стана мета на критики

Во розов фустан од латекс и без градник Маја Беровиќ гордо позираше по крштевката на синот во Белград. На социјалните мрежи се разви вистинска дебата дали овој аутфит е соодветен за посета на божјиот храм…

maja-berovikj-na-krshtevkata-na-sinot-vo-fustan-od-lateks-i-bez-gradnik-vednash-stana-meta-na-kritiki-01.jpg

Српската пејачка Маја Беровиќ викендов направи забава по повод крштевката на нејзиниот син Лав.

Таа и сопругот направија крштевка во храмот Свети Сава во Белград, а по свечената церемонија, направија пречек во познат белградски хотел, каде присуствуваа голем број нејзини колеги, пријатели и роднини.

Маја даде кратка изјава за медиумите па рече дека ова за неа бил најубавиот ден во животот, а дека датумот на крштевката нема некоја посебна симболика, туку најдобро се вклопувал во нејзиниот распоред.

maja-berovikj-na-krshtevkata-na-sinot-vo-fustan-od-lateks-i-bez-gradnik-vednash-stana-meta-na-kritiki-02.jpgФото: Јутуб - принтскрин

Како што нагласи, таа сакала крштевката да биде за 2-иот роденден на Лав, во февруари, а исто така, напомена дека се труди синот да го одгледа скромно.

„Јас на мојот син му го посакав она што секоја мајка може да го посака, само да ми е жив и здрав. Сè уште од нас не добил подарок, ние сме му најголем подарок, тој е пресреќен кога е со нас и не ни знае што се подароци.

Го воспитувам да биде скромен, нема потреба од луксуз, на децата им е најважна љубовта. Засега не планираме проширување на семејството“ – рече таа.

maja-berovikj-na-krshtevkata-na-sinot-vo-fustan-od-lateks-i-bez-gradnik-vednash-stana-meta-na-kritiki-03.jpgФото: Јутуб - принтскрин

На социјалните мрежи брзо се проширија фотките на кои Маја позира со синот и со сопругот Ален Драгосав, но таа се соочи со голем број критики заради стајлингот што избрала да го носи во црква на денот кога синот го воведува во христијанството.

maja-berovikj-na-krshtevkata-na-sinot-vo-fustan-od-lateks-i-bez-gradnik-vednash-stana-meta-na-kritiki-04.jpg

Маја на себе носеше розов фустан од латекс, без градник, па речиси на сите фотки ѝ се проѕираа градите.

Голем број нејзини фанови не се согласија со нејзиниот избор на облека за во црква и сметаат дека се коси со кодексот на облекување во црква.

„Фустанот ѝ е соодветен, баш за во црква“;

„Постојат силиконски лепенки за градите, барем за во црква“;

„Вака облечена да одиш во црква и тоа на крштевката на синот...“;

„Зарем вака облечена се оди во црква?“ – прашуваат дел од корисниците на Инстаграм.

Прочитајте и Си го промени личниот опис со операции, со сопругот е од 17 години: Факти за српската пејачка Маја Беровиќ

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Синот на Лепа Брена пече леб и спрема казан со чварки – Подготовки во луксузниот дом за славење Св. ... Малиот син на Лепа Брена и Бобо, Виктор, секогаш помага во подготовките за куќна...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава