Исповед на Србинка: „Да знаев дека овие симптоми укажуваат на рак, не би чекала“

„Ракот на дебелото црево настанува од необичен полип, кој, ако се открие навреме нема да прерасне во рак“ – вели оваа Србинка која ги сподели симптомите на болеста што ги занемарувала, но за среќа сепак успеала да се излекува.

da-go-znaev-ova-nemashe-da-imam-rak-srbinka-gi-spodeluva-simptomite-na-bolesta-shto-gi-zanemaruvala-01.jpg

Србинката Андријана Фаркаш на своите профили на социјалните мрежи редовно објавува видеа во кои зборува за симптомите што ги имала пред да ѝ биде дијагностициран рак на дебелото црево.

Таа за среќа успеала да се излекува од болеста, но сега во видеа насловени „Да го знаев ова немаше да имам рак“, таа се труди да ја крене свеста кај нејзините следбеници и да ги поттикне повеќе да внимаваат на сопственото здравје, но и на симптомите што може да укажуваат на рак.

da-go-znaev-ova-nemashe-da-imam-rak-srbinka-gi-spodeluva-simptomite-na-bolesta-shto-gi-zanemaruvala-02.jpg

Оваа мајка на близнаци во 2022-ра година дознала дека има рак на дебелото црево, а со оглед на тоа што таа самата на почетокот ги занемарувала сопствените симптоми, сега се труди да укаже на нив.

Како што вели, во ноември 2022-ра година почнала да чувствува константен замор и слабост додека лежела во болница со синот и во тој миг верувала дека тоа чувство е последица на стресната ситуација во која се нашла, да го гледа своето дете во болнички кревет.

По излегувањето од болница била на преглед кај матичен лекар кој ја упатува да направи анализа на крвта.

„Тука веќе се гледа силна анемија, со ниво на железото од 4,2 и хемоглобин од 81. Потоа бев упатена да направам лабораториска анализа на столицата, односно на окултното крвавење и сите три наоди ми беа позитивни.

Тогаш веќе сфаќам дека со мене нешто сериозно не е во ред и во декември истата година ја добив дијагнозата дека имам рак на дебелото црево“ – вели таа.

da-go-znaev-ova-nemashe-da-imam-rak-srbinka-gi-spodeluva-simptomite-na-bolesta-shto-gi-zanemaruvala-03.jpg

„Анемијата, односно намалените вредности на хемоглобинот и железото, не мораат нужно да значат дека се храниш лошо. Ракот на дебелото црево како симптом дава анемија.

А многу лесно можете да знаете дека анемијата е присутна. Нагло опаѓање на енергијата, немате сила да ги извршувате вообичаените дневни активности, како што сте можеле претходно.

Исто така, чести вртоглавици, малаксаност или слични симптоми. Ова не мора нужно да значи дека имате рак, но тоа може да биде еден од симптомите“ – вели таа.

Како што нагласува, ракот на дебелото црево настанува од необичен полип, кој, ако се открие навреме нема да прерасне во рак.

„Ракот на дебелото црево се пренесува генетски, така што ако сте имале некој во семејството со ваква дијагноза, веднаш одете на превентивен преглед“ – вели Андријана.

@adrijanafarkas

Poslušaj ovo, važno je za ŽIVOT! Da sam ovo znala ne bi imala rak. #100kviews #foryourpage #fypシ゚viral #foryou #fypシ #CapCut #cancer #cancerfree🙏😇

♬ original sound - Igra života dnevnik

Меѓу другите симптоми што таа ги забележала било ненадејното гадење на одредени вкусови, интензивните болки во стомакот, како и промени во столицата.

Андријана вели дека не мора веднаш да кревате паника, но за да бидете сигурни дека не се соочувате со посериозни здравствени проблеми, најдобро е да побарате анализа на окултно крвавење на столицата, па овие наоди ќе ви дадат одговор со што се соочувате.

„Она што е веќе сериозен симптом, којшто не смеете да го занемарувате е ако по голема нужда забележувате крв. Исто така, силните и константни грчеви во стомакот никако не смеат да се занемаруваат“ – вели таа.

@adrijanafarkas

PREVENTIVA = ŽIVOT #100kviews #foryou #fypシ゚viral #CapCut #foryourpage #foryou #lifeaftercancer #mumoftwins #lifeaftercancer🎀 #adrijana #cancerfree🙏😇 #cancer #CapCut #cancersymptoms

♬ original sound - Igra života dnevnik

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...

Најчитани неделава