Србин заработи казна од 20.000 евра – Нема веќе фотографирање со папагали во Пефкохори

Им ги отсекол пердувите на папагалите, па наплаќал по 10 евра за фотографија со нив – Србин заработил огромна казна во Пефкохори во Грција, заради злоупотреба на животни.

srbin-zaraboti-kazna-od-20-000-evra-vo-pefkohori-go-obvinuvaat-za-zloupotreba-na-zhivotni-foto-video-01.jpg

Српските и грчките медиуми ја пренесуваат веста за Србин кој заработил огромна казна во Грција, откако се обидел да се послужи со трик за заработка.

Корисниците на социјалните мрежи, пак, тврдат дека казната е превисока.

Засега не се именува идентитетот на Србинот, но тој се товари дека извршил злоупотреба на животни и му била изречена казна од вртоглави 20.000 евра.

На Инстаграм профилот Nikana.gr е објавено кратко видео на кое се гледа неименуваниот Србин и двата папагали, кои беа главна атракција за дечињата и туристите.

Тој секоја вечер бил присутен на шеталиштето во познатото туристичко место и наплаќал по 10 евра за фотографија со двата папагали.

Но, како што информираат грчките власти, по добиена поплака од загрижени туристи, екипите за заштита на животните утврдиле дека на двете птици им се отсечени пердувите на крилјата за да не можат да одлетаат.

„Крилјата на птиците беа осакатени.

Многу ни е жал што некои луѓе пишуваат дека тоа што го направивме не е во ред, но очигледно сметаат дека е во ред да се отсечат пердувите на животните и да ги искористуваат за да заработат пари.

Сметаме дека ова е неприфатливо и дека е ужасно нарушување на правата на животните, а ќе продолжиме да ги гониме сите за кои ќе се докаже дека ги прекршуваат правата на животните“ – се вели меѓу другото во соопштението.

?ref=embed_post

Птиците на Србинот му биле одземени, а дел од корисниците на социјалните мрежи сметаат дека нему му е нанесена неправда, затоа што традицијата за фотографирање со птици на кои им се отсечени крилјата траела со децении наназад.

Погледнете уште неколку фотки од папагалите во продолжение:

srbin-zaraboti-kazna-od-20-000-evra-vo-pefkohori-go-obvinuvaat-za-zloupotreba-na-zhivotni-foto-video-02_copy.jpg

srbin-zaraboti-kazna-od-20-000-evra-vo-pefkohori-go-obvinuvaat-za-zloupotreba-na-zhivotni-foto-video-04_copy_copy.jpg

srbin-zaraboti-kazna-od-20-000-evra-vo-pefkohori-go-obvinuvaat-za-zloupotreba-na-zhivotni-foto-video-03_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чини 5 милиони евра, има 2.000 огледала - Српскиот „бог на веѓите“, кој наплаќа по 600 евра, се пофа... Самонаречениот „бог на веѓите“, Адам Адактар, кој своевремено откри дека за 600 ...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...
Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...
Александра Пријовиќ плаќа 30.000 евра за градинка на синот – го носи возач со луксузен автомобил „Александра го сака само најдоброто за своите деца. Не ја интересира што мислат ...
Мапа покажува каде се појавувала отровната „риба-зајак“ во Грција (и каде би можела да се појави лет... Отровната риба-зајак почнала да се појавува во водите на Грција околу 2003 годин...
„Заработувам 600.000 евра месечно“ - Откри јутјуберот Бака Прасе и ја восхити Дара Бубамара, која за... На прашањето за своите месечни приходи, Дара Бубамара на Бака Прасе му откри: „З...

Најчитани неделава