Србинка во 8-иот месец од бременоста критикувана за малиот стомак: „Се здебелив само 3kg и не, не ѕирка стапалото на бебето“

„Бебето ми тежи близу 2kg и не не сакам да родам бебе од 1.5kg само заради убавината на мајката. И не ѕирка стапалото на бебето, туку тоа ми е кила“ – сопругата на Дарко Лазиќ им одговори на сите кои ја искритикуваа за фит изгледот и за тоа што качила само 3kg до 8-иот месец од бременоста.

srbinka-vo-8-iot-mesec-od-bremenosta-kritikuvana-za-maliot-stomak-se-zdebeliv-samo-3kg-i-ne-ne-dzirka-stapaloto-na-bebeto-01.jpg

Сопругата на српскиот пејач Дарко Лазиќ, Катарина (34), го очекува своето прво бебе со саканиот.

Таа е во 8-иот месец во бременоста, а пред неколку дена на нејзиниот Инстаграм објави трудничка фотосесија.

На фотографиите таа изгледа фит и во одлична форма, а во описот на објавата напиша:

„Колку ќе се здебелите во бременоста зависи исклучиво од тоа како се храните, но побитно од формата е тоа да се храните здраво...

Само, ќе морам да ве разочарам, не треба да јадете за двајца, а пиците, колачите и слично, не му се потребни на вашето бебе, па како и да свртите, од нездрава храна нема никаков бенефит.

Јас сум моментално во 8-иот месец од бременоста и досега сум здебелена 3 килограми, не тренирам веќе неколку месеци бидејќи не ми годи, но цело време здраво се хранам.

Драги мои жени, независно дали сте бремени или не, сакајте се себеси и мислете на своето здравје, а формата ќе дојде како резултат на здравите навики“.

Очекувано, нејзините фотки и став предизвикаа позитивни, но и негативни реакции, па таа потоа дообјасни:

„Бидејќи сите се осврнаа на мојот изглед во 8-ми месец, морам да кажам дека не напишав дека изгледот во бременоста зависи од тоа што и колку јадете, туку дека бројот на килограми што ќе го добиете зависи од исхрана.

И верувајте, не сум видела ниту една трудница која води сметка за исхраната, а се здебелила повеќе од тоа што е нормално – а тоа е 12-13kg или 20kg ако е близначка бременост.

Не реков река треба да се здебелите само 3kg како јас, само го кажав мојот пример. А, сосема е нормално да биде и повеќе од 3, но не повеќе од препорачаното“.

Таа добила прилично непристојни пораки, а на Инстаграм Стори сподели една од нив, на што рече дека не може да одолее да не одговори.

На прашањето „Па не сакаш веројатно да родиш бебе од 1.5 до 2 kg…“, таа одговори:

„Јас дури сега влегов во 8-ми месец и бебето ми тежи близу 2kg, што е повеќе од просечно за овој период од бременоста и нема да се роди со 1.5-2kg, бидејќи има уште најмалку месец дена да расте, а до терминот уште повеќе.

Моето бебе е во плус цело време иако мојот стомак е мал, што значи големината на стомакот и тежината на мајката не зависат од големината на бебето.

Ниту мислам дека бебето треба да се изгладнува, ниту дека бебето треба да се роди мало само заради убавината на мајката“.

srbinka-vo-8-iot-mesec-od-bremenosta-kritikuvana-za-maliot-stomak-se-zdebeliv-samo-3kg-i-ne-ne-dzirka-stapaloto-na-bebeto-02.jpg

На трудничката фотосесија, многумина помислија дека на стомакот е оцртано стапалцето на бебето кое бутка однатре или дека е фотошопирано.

Но, Катарина даде одговор и на тоа и призна дека станува збор за здравствен проблем:

„Не, не ѕирка стапалото на бебето, на стомакот над папокот се гледа кила. Имав уште како дете, но не беше видлива додека стомакот не почна да ми расте.

Како што вели докторот, може да се среди само со операција, и тоа кога ќе одлучам дека веќе нема да забременувам. Засега не можам ништо да направам“.

srbinka-vo-8-iot-mesec-od-bremenosta-kritikuvana-za-maliot-stomak-se-zdebeliv-samo-3kg-i-ne-ne-dzirka-stapaloto-na-bebeto-03.jpg

Инаку, Дарко и Катарина се во брак од септември 2023, а во мај 2024 направија забава за откривање на полот на детето и споделија дека очекуваат девојче.

Интересно за нив е тоа што пред свадбата, не правеа одвоена ергенска и моминска забава, туку направија заедничка прослава со пријателите. 

Фотки од Катарина во бременоста:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава