Вложил 200 евра, а денес заработува по 100.000 евра месечно – Кој е српскиот крал на веѓите Бранко Бабиќ?

Кога ги видел исцртаните веѓи на сопругата си помислил: „Леле, кој те унаказил вака?“. Сам измислил „јапонска метода“ за исцртување веѓи, а денес заработува и до 100.000 евра месечно. Кој е српскиот крал на веѓите, Бранко Бабиќ?

vlozhil-200-evra-a-denes-zarabotuva-po-100-000-evra-mesechno-koj-e-srpskiot-kral-na-vegjite-branko-babikj-01.jpg

Србинот Бранко Бабиќ е богат бизнисмен и самопрогласен „крал на веѓите“ кој често знае да се фали со своето неверојатно богатство и луксузниот начин на живот.

Бранко е меѓу првите Срби коишто започнале свој бизнис со трајно цртање на веѓи, по што основал своја академија за разни техники на исцртување и продажба на производи, а себеси се нарече „крал на веѓите“.

vlozhil-200-evra-a-denes-zarabotuva-po-100-000-evra-mesechno-koj-e-srpskiot-kral-na-vegjite-branko-babikj-02_copy.jpg

Тој е по потекло од селото Ратково, во близина на Нови Сад, а во една пригода раскажа дека сосема случајно дошол до идејата за бизнисот.

„Едно утро ми се јави сопругата и ме праша што мислам за тоа да оди да си ги исцрта веѓите затоа што тоа ѝ одзема многу време дома и јас ѝ реков: ’Оди, направи ги‘.

Јас знам како треба да изгледаат веѓите, но кога си дојдов дома, гледам две коси линии и си помислив: ’Аууу, кој те унаказил вака‘.

vlozhil-200-evra-a-denes-zarabotuva-po-100-000-evra-mesechno-koj-e-srpskiot-kral-na-vegjite-branko-babikj-04.jpg

Пребарував на Гугл за да ѝ покажам дека сигурни има некој што црта влакненца, кога нема. Или линии, или тараби.

Се растрчав по градот, најдов козметичарка и фризер, а на крајот и жена што тетовира веѓи.

По секој третман 100 евра ѝ давав нејзе, а 100 евра задржував за себе и сфатив дека тоа е сериозен бизнис и одлучив да влезам без никакво знаење, па на крајот се покажа дека било добро“ – раскажа тој.

vlozhil-200-evra-a-denes-zarabotuva-po-100-000-evra-mesechno-koj-e-srpskiot-kral-na-vegjite-branko-babikj-05.jpg

Бранко вежбал како се цртаат веѓи на своите нозе, а со оглед на тоа што за цртањето со нож користел стапче за суши како држач, самиот решил да го нарече методот за исцртување „јапонска метода“.

„Ме мрзеше да работам, а сакав да заработувам. Имав план да се посветам на обучување во козметичката индустрија.

Во својот бизнис вложив 200 евра, а заработувам од 60.000 до 100.000 евра месечно. Немам никакво предзнаење, не сум нешто особено паметен, значи ова може секој да го работи“ – вели тој.

vlozhil-200-evra-a-denes-zarabotuva-po-100-000-evra-mesechno-koj-e-srpskiot-kral-na-vegjite-branko-babikj-03.jpg

Денес Бранко има свој луксузен имот во селото каде што израснал со вештачко езеро и рибник, а живее на релација Србија – Монако.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...
Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...
Чини 5 милиони евра, има 2.000 огледала - Српскиот „бог на веѓите“, кој наплаќа по 600 евра, се пофа... Самонаречениот „бог на веѓите“, Адам Адактар, кој своевремено откри дека за 600 ...

Најчитани неделава