Татко од Србија ја загуби ќерката (8) во борбата со ракот: „Да ти бидам татко на тебе ми е најголемиот благослов“

„Да ти бидам татко на тебе е најголемиот благослов кој можев да го добијам во животот. Горд сум кога зборувам дека ти си најголемиот херој што сум го запознал во животот“, пишува Радован Гавран од Србија за својата малечка ѕвезда Хелена.

tatko-od-srbija-ja-zagubi-kjerkata-8-vo-borbata-so-rakot-da-ti-bidam-tatko-na-tebe-mi-e-najgolemiot-blagoslov-01.jpg

Радован Гавран е татко на Хелена Гавран (8), прекрасно девојче за кое се обедини цела Србија и собираше донации за нејзината 5-годишна борба со ракот на мозок.

Тој се огласи за првпат по смртта на неговата малечка, која почина на 1-ви октомври.

Неговата објава ќе ве трогне, но и ќе ве преплави со емоции за силината на родителската љубов.

Исповедта на Радован:

„Да бидам татко без сомневање е моето најголемо достигнување во животот, гордост и инспирација.

Татковството ме научи на безусловна љубов, ми го засили чувството за важноста на великодушноста и ме научи како да бидам подобар човек.
Да ти бидам татко на тебе е најголемиот благослов кој можев да го добијам во животот. Горд сум и полн со самодоверба кога зборувам дека ти си најголемиот херој, кој сум го запознал во животот.

Безброј пати помислувам на тебе. Секој чекор ме потсетува на тебе и искрено понекогаш и се насмевнувам зборувајќи си со тебе во мислите.

Не сум луд, барем мислам дека не сум, само те замислувам во својата сегашност, затоа што ти не си овде. Но, сепак си и никој покрај мене не е пореален од тебе.

Би можел да пишувам за тебе со часови, денови, месеци, но нема што јас да напишам, што ти со твоите 8 години не го покажа и објасни.

Остави неизбришлива трага на сите кои те запознаа, а и на оние кои не те запознаа, затоа што ти си некој кој имаше мисија на оваа планета и тато ти вели дека ја исполни.

Нема да кажам збогум, затоа што душата не може да умре.
Ќе се сретнеме.
Ќе те пронајдам.

Од милион ѕвезди знам дека една е твоја.

Те сакаат твоите сестри, мајка и татко“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќерка ми ми е најлош клиент, a не ни плаќа“ – Србинка направи „откачено“ генијална торта, на крај д... Србинка објави видео од процесот на изработка на генијална торта за својата ќерк...
Исповед на Србинка: „Добив дијабетес на 11 години, секаде одам со кутии за храна - исцрпувачки е“ „Мислам дека луѓето не разбираат колку е ментално исцрпувачки да имаш дијабетес....
„Моето прво семејство“ - Јована Јеремиќ позира со бившиот сопруг, неговата ќерка oд првиот брак и ни... „Моето прво семејство. Мојот прв сопруг со неговата ќерка од првиот брак, ќерка ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
Исповед на Србинка: „Додека се борев да добиеме деца со ин витро, маж ми ме изневеруваше“ И додека таа примала хормони, во текот на второто ин витро дознала дека маж ѝ им...
Наводно има долгови, живее нов живот во Дубаи – Што прави бившиот на Марија Микиќ, по разводот и сол... Точно пред да објават за разводот, тој сподели снимка на која танцува со ќерка м...

Најчитани неделава