Сведочење на Коста Кецмановиќ за масакрот во „Рибникар“ – „Мајка ми бараше да бидам најдобар, затоа го направив ова“

„Сè уште не дознавме кој бил мотивот за масакрот“ – изјави адвокатот на родителите на убиените деца во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград. Детето–убиец Коста Кецмановиќ сведочеше на судењето против неговите родители, а судењето е затворено за јавноста.

svedochenje-na-kosta-kecmanovikj-za-masakrot-vo-ribnikar-01.jpg

Денес (08.10), во Специјалниот суд во Белград сведочеше момчето Коста Кецмановиќ кој на 3-ти мај минатата година изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, при што уби 9 свои врсници, како и работникот задолжен за обезбедување Драган Влаховиќ.

Српските медиуми пренесуваа фотографии од неутешните родители на убиените деца, кои утрово се собраа пред судницата, а на судењето присуствуваат и родителите на Коста, Миљана и Владимир Кецмановиќ кои се обвинети за недозволено држење, носење и промет на оружје, како и за тешки дела против јавната безбедност.

Коста денес за првпат ја напушти Психијатарската болница каде што е сместен од денот кога го изврши масакрот, откако беше одлучено дека нему нема да му се суди за убиствата, затоа што имал само 13 години кога ги извршил.

svedochenje-na-kosta-kecmanovikj-za-masakrot-vo-ribnikar-05.jpg

Според дел од српските медиуми, иако не се знаеше точно дали Коста ќе прифати да сведочи против родителите, затоа што има законско право да одбие, тој сепак прифатил да застане на судската говорница и да одговори на сите прашања.

Коста денес одговараше на прашањата на јавниот обвинител, судијата, адвокатите, но и на прашањата на родителите на убиените деца, кои за него наводно, имале подготвено над 250 прашања.

Судското рочиште заврши во 13,45 часот, а речиси никој не сака да сподели детали за тоа што се случувало во судницата, со цел да не се повреди затворениот карактер на судењето.

Дополнително, Јавното обвинителство во Србија отвори предмет за „протекување“ информации во јавноста, од судењето кое целосно треба да се одвива во тајност.

„Со прашањата што денес му беа поставени не дознавме кој бил мотивот и зошто тоа се случило, но сметам дека денешниот исказ оди во правец на прашањето дали ќе дознаеме.

Неговото сведочење не е завршено и ќе продолжи на 17-ти октомври во оваа иста зграда“ – изјави адвокатот на родителите на убиените деца, Огњен Божовиќ, и нагласи дека не смее ништо повеќе да каже заради постапката којашто е затворена за јавноста.

svedochenje-na-kosta-kecmanovikj-za-masakrot-vo-ribnikar-02_copy.jpg

Според пишувањата на српските медиуми, родителите биле мошне потресени при излегувањето од судницата.

Адвокатката на родителите на Коста, Ирина Божовиќ, пак, вели дека најверојатно никогаш нема да се дознаат причините за масакрот.

„Во оваа кривична постапка, ниту во која било друга постапка на друго место, ние нема да ги дознаеме причините за овој трагичен настан.

Сите причини се длабоко некаде во душата на тоа момче, кое за жал изврши злосторство, а претходно водеше еден целосно нормален и вообичаен живот, од аспект на сите што го познаваат“ – вели таа.

svedochenje-na-kosta-kecmanovikj-za-masakrot-vo-ribnikar-03.jpg

Инаку, Коста за време на судењето сведочел на говорница која со стакло била одвоена од родителите на убиените деца.

Според изјавите на присутните во судницата, на одредени изјави родителите плачеле, а на други пак, биле гневни.

Друг детаљ што се споделува е дека за време на сведочењето морале да интервенираат и лекарите кои биле пред судницата, затоа што во одреден миг на Коста нагло му се променила бојата на лицето.

svedochenje-na-kosta-kecmanovikj-za-masakrot-vo-ribnikar-04.jpg

Српски Blic пишува дека Коста посочил дека однесувањето на неговите родители влијаело врз тоа тој да ги изврши убиствата.

„Мајка ми постојано бараше да бидам најдобар. Се лутеше и викаше кога не бев најдобар.

Заради тоа што постојано бараше што е можно повеќе од мене, јас ѝ се лутев.

Тоа нејзино однесување влијаеше да го направам тоа што го направив. Да ги немав пиштолите на татко ми, не би го направил ова“ – наводно рекол Коста.

Од она што го пренесуваат српските медиуми, многу е веројатно сведочењето на Коста да биде доволно за неговите родители да завршат зад решетки.

Прочитајте и „Среќо наша, не знаевме дека злото демне“ - Потресна објава на мајка на девојче убиено во српското училиште „Рибникар“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Српската пејачка Милена Чераниќ: „Имам видено многу повеќе среќни парови без деца, отколку со по нек... „Не ми зборувајте дека најважно е да родам дете, затоа што за мене е најважно да...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Еден израсна во згоден фраер, друг призна дека е геј - Каде се денес популарните момчиња од „Пинкови... Иако нашите Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ стекнаа регионална популарнос...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...

Најчитани неделава