Се венчаа во Лас Вегас, сега таа се моли да се разведат – Љубовната приказна на Ела Дворник и 15 години постариот сопруг

„Бев во брак 2 години, а 3 години се разведувам. Барем да доживеам развод“ – призна неодамна Ела Дворник. Хрватската пејачка и инфлуенсерка често знае отворено да го критикува поранешниот сопруг на социјалните мрежи, а во продолжение погледнете што открила досега за него.

se-venchaa-vo-las-vegas-sega-taa-se-moli-da-se-razvedat-ljubovnata-prikazna-na-ela-dvornik-i-15-godini-postariot-soprug-01.jpg

Хрватската пејачка и инфлуенсерка Ела Дворник е доста активна на социјалните мрежи, каде редовно споделува и детали од својот приватен живот.

Таа минатата година објави дека се разведува од 15-години повозрасниот сопруг Чарлс Пирс со кого има две ќерки, а неодамна откри дека разводот трае премногу долго.

se-venchaa-vo-las-vegas-sega-taa-se-moli-da-se-razvedat-ljubovnata-prikazna-na-ela-dvornik-i-15-godini-postariot-soprug-02.jpg

Додека беа заедно, Ела и Чарлс важеа за складен пар, кој на Инстаграм редовно споделуваше фотографии од идиличниот живот со двете ќерки, а нивната љубовна приказна привлекуваше внимание кај јавноста.

Многумина ги критикуваат заради големата генерациска разлика, а на други нивната љубов им беше симпатична и знак дека вистинските чувства не познаваат граници.

Во продолжение неколку интересни факти за љубовната приказна на Ела и Чарлс:

Ела во една пригода раскажа дека со Чарлс се запознале во Лондон во бар со пијалак.

„Сè започна со пиво. Седевме во бар и слушавме една жена која се обидуваше да пее.

До мигот кога го нарачавме третото пиво, веќе почнавме да се исповедаме еден на друг.

Разговаравме за минатото и за тоа што го сакаме од иднината“ – раскажа Ела.

se-venchaa-vo-las-vegas-sega-taa-se-moli-da-se-razvedat-ljubovnata-prikazna-na-ela-dvornik-i-15-godini-postariot-soprug-03.jpg

Чарлс ѝ приредил романтично запросување на Ела во Јапонија, во хотелска соба со поглед на планината Фиџи.

se-venchaa-vo-las-vegas-sega-taa-se-moli-da-se-razvedat-ljubovnata-prikazna-na-ela-dvornik-i-15-godini-postariot-soprug-04.jpg

Кога се запознале, Ела имала само 22 години, а Чарлс 37, па многумина ги критикувале заради големата разлика во годините, но тоа не ги спречило во 2019-та година да ја крунисаат љубовта со брак и тоа во Лас Вегас на Денот на вљубените.

„Пред пет години кога се запознавме Чарлс сакаше да ме однесе во Лас Вегас за да се венчаме, но немав виза. Сега имам!“ – напиша Ела и откри дека по долгата свршувачка, парот одлучил да побегне од сите роднини, кои никако не можеле да се соберат на едно место за свадба и да стапи во брак во САД.

se-venchaa-vo-las-vegas-sega-taa-se-moli-da-se-razvedat-ljubovnata-prikazna-na-ela-dvornik-i-15-godini-postariot-soprug-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава