Аница Лазиќ за 39 години повозрасниот Лазар Ристовски: „Се вљубивме на прв поглед, завршив на психијатар од критиките“

„Тој објавил на социјалните мрежи дека сме во врска додека спиев, прво се смеев на коментарите, но потоа, не ми беше сеедно“ – вели Аница Лазиќ која една година е во врска со 39 години повозрасниот Лазар Ристовски.

anica-lazikj-iskreno-za-vrskata-so-lazar-ristovski-zaradi-internet-nasilstvo-zavrshiv-na-psihijatar-01.jpg

Врската на српскиот актер Лазар Ристовски (71) со 39 години помладата Аница Лазиќ со месеци наназад е топ тема во регионалните медиуми, а често на социјалните мрежи и во коментарите до нивните фотографии има голем бој погрдни коментари и критики.

anica-lazikj-za-vrskata-so-lazar-ristovski-zaradi-internet-nasilstvo-zavrshiv-na-psihijatar-02.jpg

Голем број од луѓето во регионот ја критикуваат големата генерациска разлика меѓу парот, иако се чини дека тие уживаат во заедничкиот живот.

Во текот на летниот период беа заедно на одмор, од каде објавуваа фотографии и видеа, а Аница, тогаш се фалеше дека и двајцата обожаваат брзо темпо и акција.

anica-lazikj-za-vrskata-so-lazar-ristovski-zaradi-internet-nasilstvo-zavrshiv-na-psihijatar-04.jpg

Но, младата Србинка сега во гостување во српска телевизија, отворено зборуваше за тоа како се запознале со Лазар и дека на почетокот не била рамнодушна кон зајадливите и вулгарни коментари упатени на нејзина адреса.

„Лазар и јас се запознавме без никаков посредник, наш посредник беше само Бог. Ние се сретнавме во Белград, се погледавме неколку секунди, а потоа се прегрнавме.

По таа прегратка седнавме и разговаравме со часови. Мене, кога ќе ме прашаат од кога сме заедно, јас велам од првиот миг кога се погледнавме“ – вели таа.

anica-lazikj-za-vrskata-so-lazar-ristovski-zaradi-internet-nasilstvo-zavrshiv-na-psihijatar-03.jpg

Аница вели дека двајцата се договарале како заедно да објават дека се во врска, но дека Лазар одлучил тоа да го направи на свој начин.

„Едно утро објави дека сме во врска додека спиев и замина на работа.

Јас станав малку подоцна, не го вклучив веднаш телефонот, а кога го вклучив ме дочека море пораки.

Тогаш ми беше смешно, а потоа ги гледав насловите што излегуваа од ден во ден.

Факт е дека доживеав интернет насилство, па морав да барам помош од психотерапевт и Лазар ми беше голема поддршка“ – вели Аница.

anica-lazikj-za-vrskata-so-lazar-ristovski-zaradi-internet-nasilstvo-zavrshiv-na-psihijatar-05.jpg

Таа признава дека во првите денови ѝ било тешко да го поднесе притисокот од јавноста заради огромната генерациска разлика, но сега веќе не ѝ е важно.

За потсетување, Лазар објави дека е во врска со Аница во октомври 2023-та година, откако претходно се разведе со сопругата Даница по 42 години брак.

Аница и Лазар заедно работеа на серијата „Дрим тим“, а по гласините во дел од српските таблоиди, актерот потврди:

„Вистина е, заедно сме. Но, не би додавал ништо повеќе. Ја запознав Аница долго по разводот, не се разведов поради неа“ – рекол актерот.

Прочитајте и Не била родена кога Лазар Ристовски (70) се оженил, но мајка ѝ не се противи на врската: Која е 39 години помладата девојка на актерот?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава