Детето-убиец од „Рибникар“ добива статус на жртва – Нов пресврт во судењето против родителите на Кецмановиќ

„Со проширувањето на обвиненијата против родителите, Коста добива статус на жртва“ – вели адвокатката на родителите на Кецмановиќ. Што изјави наставничката која покрена приватна тужба против родителите на детето-убиец и зошто денешното рочиште е одложено?

deteto-ubiec-od-ribnikar-dobiva-status-na-zhrtva-nov-presvrt-vo-sudenjeto-protiv-roditelite-na-kecmanovikj-01.jpg

Покрај кривичната постапка што државата ja води против родителите на Коста Кецмановиќ од српското училиште „Владислав Рибникар“, кој минатата година на 3-ти мај усмрти деветмина ученици и вработениот во обезбедување, против нив се покренати и приватни тужби, за кои се водат парнични постапки.

Денес (01.11) започна првото рочиште од тужбата што против Владимир и Миљана Кецмановиќ, го покрена наставничката Татјана Стевановиќ, која беше застрелана тој кобен 3-ти мај.

deteto-ubiec-od-ribnikar-dobiva-status-na-zhrtva-nov-presvrt-vo-sudenjeto-protiv-roditelite-na-kecmanovikj-02.jpgФото: Танјуг - Принтскрин

На денешното рочиште, наставничката по историја која беше меѓу повредените во масакрот, раскажа што се случило тој 3-ти мај, но и колку време ѝ било потребно за да се врати на нозе.

Таа вели дека денот започнал нормално, како и секој друг, а дека кога ги слушнала истрелите мислела дека осмодделенците фрлаат петарди.

„Тој звук продолжуваше да се слуша. Во еден миг сите бевме вкочанети, како хипнотизирани.

Ништо не се слушаше, а потоа во ходникот се слушна вресок“ – раскажува таа и вели дека во следниот миг вратата нагло била отворена, а таа не стигнала ниту да се сврти кога била погодена во стомакот.

deteto-ubiec-od-ribnikar-dobiva-status-na-zhrtva-nov-presvrt-vo-sudenjeto-protiv-roditelite-na-kecmanovikj-03.jpg

Наставничката била застрелана во стомакот, а куршумот завршил во колкот и ѝ го оштетил нервот.

На двете раце имала прострелни рани, а на подлактницата на десната рака ѝ била вградена плочка, додека заради повредата на нервите на левата рака, не ја чувствува левата дланка.

Наставничката поминала осум месеци во болница, од кои шест месеци била неподвижна, а рече дека траумата од тој кобен ден сè уште е длабоко присутна.

„Чувствувам страв секој ден. Скокам на огномет, на ненадејни ситуации кога ќе видам оружје на филм.

Сè ме вознемирува, дури и она што претходно не ме вознемируваше“ – рече таа.

deteto-ubiec-od-ribnikar-dobiva-status-na-zhrtva-nov-presvrt-vo-sudenjeto-protiv-roditelite-na-kecmanovikj-06.jpg

Нагласи дека Коста бил примерно дете, примерен и добар ученик и дека никогаш немала потреба да ги повика неговите родители, и дека не ги познавала.

Таа бара да ѝ се надомести нематеријалната штета по претрпената физичка болка, претрпениот страв, намалената животна активност и нагрденост.

Судењето од кривичната постапка, што ја води државата, пак, беше одложено за 20-ти декември, затоа што има нов пресврт на настаните.

deteto-ubiec-od-ribnikar-dobiva-status-na-zhrtva-nov-presvrt-vo-sudenjeto-protiv-roditelite-na-kecmanovikj-07.JPG

Имено, обвинителите побараа против родителите на Коста да се покрене уште едно обвинение, за кривично дело занемарување и злоставување на дете, а одбраната на обвинетите побара судењето да биде одложено за да има можност да се запознае со обвинението.

Родителите на Коста на следното рочиште треба да се изјаснат за вината и да ја изнесат одбраната.

deteto-ubiec-od-ribnikar-dobiva-status-na-zhrtva-nov-presvrt-vo-sudenjeto-protiv-roditelite-na-kecmanovikj-04.jpg

Бранителката на родителите на Коста, Ирина Боровиќ, вели дека со проширувањето на обвинението детето-убиец добило статус на жртва.

За потсетување, во изминатите рочишта Коста сведочеше и одговараше на прашања на родителите на убиените деца и на адвокатите, а неговите изјави не одеа во прилог за родителите.

Прочитај „Татко ми ми рече дека сум психопат – сакав сите така да ме помнат“ – Сведочење на детето-убиец од „Рибникар“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Таа блеска, син ѝ е насмеан како никогаш досега: Северина го живее најубавото лето во животот во Хрв... Таа е доказ дека кога се сака не се може и дека битката е изгубена само тогаш ко...
Една од најзгодните (и најбогати) Србинки блеска на 54-иот роденден, без грам целулит „За мојот изглед најмногу е заслужна генетиката, но би била некоректна ако кажам...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...

Најчитани неделава