На бившата сопруга ѝ скрши ребро, доби забрана за пристап: Скандалозниот српски кикбоксер има нова девојка

Кликнете на видеото:

Инаку, откако на Пагонис му беше одредена мерка куќен притвор се огласи неговата поранешна сопруга Маја и откри:

„Не сакам да зборувам што е вистина, а што не е, постои место каде тоа ќе се утврди, тоа е судот, а не јавноста.

Јас само сакам да сите да им се заблагодарам за неизмерната поддршка, пораки, повици, љубов и грижа што ја добивам секојдневно.

Воопшто не е лесно да се живее моето секојдневие во овој миг, личната борба која ја водам поради себе и децата, но во исто време борба која сметам дека е многу потребна за оние другите кои не се слушнати или видени“.

Инаку, проблемите меѓу бившите сопружници наводно започнале поради тоа што Пагонис не бил задоволен колку внимание Маја им посветува на нивните деца по разводот.

Една негова објава на социјалните мрежи пред три години српската јавност протолкува дека е упатена кон Маја:

„Јас мислам дека овој свет почна да се распаѓа во оној миг кога жената ја убедија дека е во ред да живее за својот работодавач, а не за своите деца, мажот и семејството.

Се разбира, потоа вината ја презедоа мажите кои не се снајдоа со ‘силните’ жени и станаа безвредни.

Недостатокот од мајка во првите години од животот на децата поради нејзини деловни обврски често е заменет со телевизор или мобилен телефон.

Нека не се навредат лутите феминистки, само размислувам на глас“.

Оваа објава Пагонис ја објавил токму во период кога Маја била ангажирана со премиера на нејзина претстава.

Повеќе фотографии од Ненад:

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Бившата снаа не ја заборава свекрвата: Во какви односи е Адријана Лима со мајката на Марко Јариќ? По разводот со Марко Јариќ, Адријана Лима има нов сопруг и трето дете, но во как...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Бившата сопруга на Игор Којиќ проговори првпат по разводот: „Кога го запознав, дома веднаш кажав - ќ... „Штом го запознав Игор, дојдов дома и реков: „Да знаете, ова е момчето за кое ќе...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...

Најчитани неделава