Трагедија во Загреб: Тинејџер со нож нападнал наставничка и ученици – едно од децата починало

Утрово во основно училиште во Загреб тинејџер со нож нападнал наставничка и неколку ученици. За жал, според првичните информации има и една жртва, додека останатите повредени се пренесени во болница. Засега не е познат идентитетот на напаѓачот, ниту причината за трагичниот инцидент.

tragedija-vo-zagreb-tinejdzher-so-nozh-napadnal-nastavnichka-i-6-uchenici-edno-od-decata-pochinalo-01.jpg

Инцидент во основно училиште во Загреб го потресе регионот, откако хрватските медиуми открија дека ученик со нож нападнал ученик и неколку ученици.

Според HRT, едно од децата починало, а наводно тинејџерот кој го извршил нападот се повредил и самиот.

„По шесте тимови на брза помош кои дојдоа овде, дојде и хеликоптерска единица која во овој миг ги изнесува жртвите на овој масакр, бидејќи сцените на кои децата и наставниците сведочеа навистина се застрашувачки“, изјави репортерка на HRT за хрватската телевизија.

tragedija-vo-zagreb-tinejdzher-so-nozh-napadnal-nastavnichka-i-6-uchenici-edno-od-decata-pochinalo-02.jpg

Инцидентот се случил околу 9:50 часот.

Според она што е познато досега, напаѓачот веројатно има 15 години.

Влегол во училиштето со нож, а потоа во училница со првооделенци.

Засега нема информации дали сите повредени и жртвата се од истиот клас или влегол и во други училници.

tragedija-vo-zagreb-tinejdzher-so-nozh-napadnal-nastavnichka-i-6-uchenici-edno-od-decata-pochinalo-03.jpg

Потресените родители веќе почнале да ги земат исплашените деца од училиштето, додека полицијата почнала да го заградува училишниот двор.

Напаѓачот бил приведен и засега нема други информации за него.

tragedija-vo-zagreb-tinejdzher-so-nozh-napadnal-nastavnichka-i-6-uchenici-edno-od-decata-pochinalo04.jpg

Пред новинарите се обрати и хрватското премиер Андреј Пленковиќ:

„Згрозени сме, исто како и целата хрватска јавност, за оваа голема трагедија која утрово се случи во ОУ ’Пречко‘ во Загреб.

Полицијата и сите останати служби, пробуваат да утврдат што точно се случило во овој голем инцидент.

Засега имаме информација дека неколку ученици поради повреди се во болница. Штом ќе имаме повеќе информации, секако дека јавноста за тоа ќе биде известена.

Изразуваме жалење и сочувство со семејствата на повредените деца“.

Други детали сè уште нема, но на Фејсбук профилот на HRT Radio Sljeme е споделено морничаво видео од училишниот двор, на кое се гледа како учениците панично излегуваат од училиштето, додека на едно од игралиштата слетува хеликоптер.

На Фејсбук се огласи Северина и им изрази сочувство на родителите.

„Сè нека биде тивко. Едно мало ангелче одлета. Невинo, не ни зачекорилo во животот.

Висок, болка и бес. Неутешна. О Боже, зошто?

Ни останува молитва за учителката и повредените деца.

Сочувство до родителите...“

tragedija-vo-zagreb-tinejdzher-so-nozh-napadnal-nastavnichka-i-uchenici-edno-od-decata-pochinalo003.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Трагедија го потресе регионот: 5-годишно момче се удави во аква парк во Србија - тренер по пливање г... Децата безгрижно си играле и се капеле во детскиот базен, кога за само еден миг ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
„Се разведов кога сфатив дека децата страдаат заедно со мене“ - Анабела Атијас откри детали за брако... „Тој Гаге, иако таму, всушност беше целосно отсутен. Имаше свои проблеми, т...

Најчитани неделава