Љубовната приказна на Цеца и Аркан - Првпат го видела на фотографија во Playboy, го убија во нејзина близина

„Кажав дека ќе се мажам за Жељко, а мајка ми рече: ‘За Шашиќ? Одлично, тој е прекрасен дечко’. Но, кога им кажав дека е Аркан, мислам дека ќе се онесвестеа. Не помогнаа ни заканите од татко ми дека ќе се откаже од мене - бев заљубена“ - вели Цеца, која пред 25 години остана вдовица по убиството на сопругот.

ljubovnata-prikazna-na-ceca-i-arkan-prvpat-go-videla-na-fotografija-vo-playboy-go-ubija-vo-nejzina-blizina-01.jpg

Пред 25 години, на 15 јануари 2000 година, беше убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан, сопругот на Цеца Ражнатовиќ.

Фолк-ѕвездата била оддалечена само неколку метри кога ѝ го убиле сопругот, па пробала дури и да го реанимира пред да дојде брзата помош.

Неговата смрт ја прекина љубовта која траеше 6 години, а во која парот доби две деца, синот Вељко и ќерката Анастасија.

Но, и 25 години по убиството на Аркан, љубовта меѓу него и Цеца привлекува големо внимание во јавноста, а незаобиколни се и теориите дека Аркан е жив, со сменет личен опис и дека живее на Кипар, па токму затоа Цеца таму има вила.

ljubovnata-prikazna-na-ceca-i-arkan-prvpat-go-videla-na-fotografija-vo-playboy-go-ubija-vo-nejzina-blizina-08g.jpg

Според Цеца, таа се заљубила во Аркан уште пред да се запознаат, а првпат го видела на фотографија во списание.

„Бев во Германија и на бензинска пумпа купив Playboy, а во списанието го видов мажот на мојот живот. Таму имаше интервју со Жељко.

Не разбрав што пишуваше, само зјапав во неговата фотографија зашто многу ми се допадна. Тој беше најмажествениот и најзгоден маж што сум го видела во животот“, изјави Цеца во едно интервју.

Од моментот кога првпат се дозна за нивната љубов, пејачката и командантот на српската доброволна гарда „Тигри“, беа постојано во медиумите.

ljubovnata-prikazna-na-ceca-i-arkan-prvpat-go-videla-na-fotografija-vo-playboy-go-ubija-vo-nejzina-blizina-11g.jpg

Секој нивен чекор се следеше, се пишуваше дека во напад на бес и љубомора ја потстрижал ќелава, а нивната свадба и се опишуваше како настан на деценијата во Србија.

„Нè запозна Оливер Мандиќ на еден настан. Тогаш веќе кружеше приказната дека Аркан ме потстрижал, а ние не се ни знаевме.

Ми рече: „А ти ли си таа пејачка што редовно ја потстрижувам?“ Бев исплашена, се збунив.

Продолживме да се гледаме и јас го бакнав прва. Не се заљубив во него поради неговата моќ, туку поради неговите човечки квалитети, физичкиот изглед, карактерните особини“, рекла Цеца.

Пред да почнат сериозна врска, Аркан не бил сигурен дека сака да се гледа со Цеца, бидејќи пејачки не биле жени по негов вкус.

Според некои пишувања, тој слушнал муабети дека таа се дрогира, па на една од нивните први средби ѝ кажал да го крене ракавот за да види дали има траги од игли на раката.

ljubovnata-prikazna-na-ceca-i-arkan-prvpat-go-videla-na-fotografija-vo-playboy-go-ubija-vo-nejzina-blizina-12g.jpg

Но, малку по малку, Цеца успеала да му се пикне под кожа и да го освои, па тој решил да ѝ се препушти на љубовта.

Во времето кога се заљубил во Цеца, Аркан веќе бил во втор брак.

На сопругата Наталија отворено ѝ кажал дека меѓу него и пејачката се родила љубов, и по 13 години, тој побарал развод.

„Никогаш не сум бил женкар, немав љубовни афери. Но, кога се заљубив во Цеца, тоа ѝ го кажав на Наталија и таа се отсели од нашиот дом“, рекол Жељко.

ljubovnata-prikazna-na-ceca-i-arkan-prvpat-go-videla-na-fotografija-vo-playboy-go-ubija-vo-nejzina-blizina-13g.jpg

Парот се сврши на Божиќ 1995-та година, а веќе во февруари правеа свадба.

Венчавката беше толку голема и помпезна, што за тоа пишуваа дури и BBC и CNN.

Неодамна Цеца откри дека брзо пред свадбата имала спонтан абортус и тоа се случило во третиот месец од бременоста.

„Со Жељко чекавме бебе пред да се венчаме. Но, во меѓувреме јас го загубив бебето.

Се договоривме да не го менуваме датумот на свадбата, па по планот се венчавме на 19 февруари“, вели Цеца.

ljubovnata-prikazna-na-ceca-i-arkan-prvpat-go-videla-na-fotografija-vo-playboy-go-ubija-vo-nejzina-blizina-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg