„Кога ќе ме нарече Фахрета, знам до каде е работата“: Лепа Брена искрено за кавгите со Боба

„Постојано се лутевме еден на друг. Балканските мажи се научени да е сè по нивно и тогаш ми се чинеше дека ништо не може да е пострашно од тоа да се скараме за да не сакаме да разговараме еден со друг“ - Брена вели дека првата половина од бракот на моменти ѝ била „пеколна“. 

koga-kje-mi-reche-fahreta-znam-do-kaj-e-rabotata-lepa-brena-iskreno-za-karanicite-so-boba-01.jpg

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ со години важат за еден од најскладните парови во регионот.

Пејачката не крие дека и после скоро 40 години љубов, таа го обожава сопругот, но дека првите години во брак биле голем предизвик за двајцата, поради честите кавги.

Тие и денес повремено знаат да се скараат, но тоа не е ни оддалеку толку страшно како на почетокот.

koga-kje-mi-reche-fahreta-znam-do-kaj-e-rabotata-lepa-brena-iskreno-za-karanicite-so-boba-01_1.jpg

Според Брена, причините за големите кавги на почетокот биле поради тоа што во нивниот однос има многу „машка енергија“, односно и таа и Боба се силни и доминантни личности.

„Се трудев да балансирам меѓу полната куќа и тестостеронот дома. Ајде што двајцата сме силни и независни, тука се и машките деца - си бараат внимание, секој со своите желби.

На моменти беше пекол. Па уште кога ќе ми рече Фахрета, а не Беки - знам до каде дошла работата“ - рекла во една пригода пејачката.

koga-kje-mi-reche-fahreta-znam-do-kaj-e-rabotata-lepa-brena-iskreno-za-karanicite-so-boba-04.jpg

Кавгите биле многу чести на почетокот на нивниот брак, а Брена вели дека првите 17 години биле „жестоки“.

„Постојано се лутевме еден на друг. Во бракот мора да постои компромис, договор, но балканските мажи се научени да е сè по нивно, апсолутни лидери.

Забораваат дека жената е дел од семејството, дека треба да носи и таа одлуки, да се слушне и нејзиниот глас“, рекла Брена.

koga-kje-mi-reche-fahreta-znam-do-kaj-e-rabotata-lepa-brena-iskreno-za-karanicite-so-boba-03.jpg

Но, по некое време работите почнале да се менуваат, а тие двајца да „омекнуваат“ и да ги надминуваат кавгите.

Таа денес вели дека се смее кога ќе се сети на големите расправии во првите години од бракот, зашто што сега ѝ изгледаат банално и неважно, иако во тоа време многу ја вознемирувале.

„Тогаш ми се чинеше дека не може да се случи нешто пострашно од тоа да се скараме за да не сакаме да разговараме еден со друг, но брзо наоѓавме начин да се смириме.

Денес сфаќам колку тоа било безначајно, во однос на предизвиците низ кои поминавме подоцна заедно, и бевме тука еден за друг.

Овие моменти на поддршка и љубов ги потиснаа сите пеколни караници, кои се денес заборавени“, рекла Брена.

Брена и Боба се заедно од 1986-та година, а се венчаа 5 години подоцна. Нивната свадба многумина ја окарактеризираа како „свадба на деценијата“.

koga-kje-mi-reche-fahreta-znam-do-kaj-e-rabotata-lepa-brena-iskreno-za-karanicite-so-boba-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава