Од талентирана пијанистка, до бездомничка зависна од хероин: Трагичниот живот на Маргита од групата ЕКВ

Маргита Стефановиќ, некогашната пијанистка на познатата група ЕКВ, секогаш била опишувана како интелигентна, талентирана и шармантна девојка. Но, и покрај успехот и славата, последните години од животот ги помина како бездомничка, зависна од хероин и позитивна на ХИВ.

od-talentirana-pijanistka-do-bezdomnichka-zavisna-od-heroin-tragichniot-zhivot-na-margita-od-grupata-ekv-01.jpg

До денес, повеќе од две децении по нејзината трагична смрт, Маргита Стефановиќ важи за една од најталентираните и највлијателните музичари од просторите на поранешна Југославија.

Славата ја стекна со популарната група Екатерина Велика (попозната како ЕКВ), но поради зависноста од хероин, како и битката со ХИВ, почина на само 43-годишна возраст.

Маргита страдала и од епилепсија која ѝ била дополнителен проблем во животот.

Неколку детали за трагичниот живот на Маргита:

Пораснала во строго семејство

Проблемите во животот на Маргита почнале уште во детството.

Иако потекнува од семејство со стабилна финансиска состојба, нејзините родители не биле во добар однос, а татко ѝ имал и љубовница.

Често отсуствувал од дома, па Маргита како да пораснала само со мајка ѝ.

Со неа, пак, односот не ѝ бил најдобар.

На 5-годишна возраст, Маргита почнала да добива и епилептични напади, а за болеста никогаш не добила соодветен третман.

Иако нападите не биле многу чести, главоболките и другите симптоми ја следеле целиот живот.

Била најдобра ученичка во средно

Маргита завршила средно музичко училиште во Белград и била прогласена за најталентираната пијанистка во нејзината генерација.

Поради ова, добила понуда да студира во Москва, но се откажала поради мајка ѝ.

Имено, мајка ѝ сметала дека е премногу млада за да го напушти домот.

Па, Маргита се запишала на Архитектонскиот факултет во Белград, но продолжила да свири клавир.

По дипломирањето, сè повеќе се интересирала за белградската андерграунд сцена и со тогашниот дечко почнала да ја истражува.

Практично одовде почнува и нејзината музичка кариера.

Во 1982-ра станала дел од ЕКВ

Преку свој роднина, Маргита го запознала Милан Младеновиќ – основачот на ЕКВ.

Тој период групата се викала Катарина II, а по само една проба, Милан ја поканил да им се придружи.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Милан Калиниќ на ќерката убавица ѝ прослави 18-ти роденден, со бившата сопруга: „Горд сум на потенци... „Ти си мојата најголема радост, гордост и најубава животна приказна“, емотивно н...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Островот Крит како сцена од апокалиптичен филм: Портокалово небо и прашина поради песочна бура од Са... Поради песочна бура од Сахара, вчера островот Крит беше покриен со прашина, а по...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...

Најчитани неделава