Моќни мажи, модели, спортисти - Сите љубови на Цеца Ражнатовиќ

Освен за бракот со Аркан, во јавноста не се знае многу за мажите со кои Цеца била во љубовна врска. Кои се 8-те мажи за кои (се верува) дека ѝ го украле срцето на пејачката низ годините?

mokjni-mazhi-modeli-sportisti-site-ljubovi-na-ceca-razhnatovikj-01.jpg

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ ретко зборува за својот љубовен живот.

За нејзините љубови пред бракот со Жељко Ражнатовиќ Аркан не се знае многу, иако за оваа голема и фатална љубов се зборува и денес.

По неговото убиство, Цеца се посвети на децата, па до пред неколку години, кога ја обелодени врската со угостителот Богдан Срејовиќ, за нејзиниот љубовен живот само се шпекулираше.

Но, низ годините, и покрај обидот да скрие некои свои врски, во јавноста се зборуваше за мажите кои (барем на момент) ѝ го украле срцето на пејачката.

На оваа листа има осум мажи - од модели, преку спортски работници и моќници, па сè до угостителот Богдан.

Погледнете кои се мажите со кои (наводно) Цеца била во љубовна врска.

Владан Лукиќ

На почетокот на својата кариера, Цеца беше во врска со поранешниот фудбалер и претседател на Црвена звезда, Владан Лукиќ.

Тој беше првото познато момче на Цеца, но таа врска не траеше долго.

Во една прилика тој изјавил дека се запознале кога тој имал 18, а таа 15 години и дека тоа што го имале на љубовен план, било само детска игра.

mokjni-mazhi-modeli-sportisti-site-ljubovi-na-ceca-razhnatovikj-06.jpg

Дејан Марјановиќ - Шабан

Марјановиќ е првиот на листата „силни и моќни момци“ кои ја привлекле Цеца.

Додека биле во врска, често оделе во белградскиот клуб „Бојан Ступица“.

Во тоа време Марјановиќ важел за некрунисан крал на Звездара.

Починал во 1994-та, кога бил застрелан на булеварот Револуција во Белград.

mokjni-mazhi-modeli-sportisti-site-ljubovi-na-ceca-razhnatovikj-05.jpg

Хајрудин Харо Самарџиќ

Додека живеела во Швајцарија, на 20 години, пејачката започнала љубовна врска со Хајрудин Харо Самарџиќ, фудбалер но и естраденменаџер.

Нивната љубов траела три години, но беше осудувана во јавноста поради национализам.

Подоцна Самарџиќ ја обвини Цеца дека поради неа завршил во логор.

mokjni-mazhi-modeli-sportisti-site-ljubovi-na-ceca-razhnatovikj-04_copy.jpg

Жељко Ражнатовиќ Аркан

Љубовната приказна на Цеца и Аркан започнала во време кога тој сè уште бил во брак со Наталија Мартиновиќ (неговата втора сопруга).

Цеца го видела на фотографија во германското издание на магазинот Playboy и како што вели, „тој бил најубавиот маж на светот“.

Пејачката го запросила по пет месеци врска, а нивната венчавка медиумите ја опишаа како „свадба на деценијата“.

Парот доби две деца, Вељко и Анастасија.

Нивната љубовна приказна прекина во јануари 2000 година, кога Аркан беше убиен.

mokjni-mazhi-modeli-sportisti-site-ljubovi-na-ceca-razhnatovikj-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...
Цеца (52) без грам шминка се снима додека пее со македонски пејач - Oткри најслаба била со 54kg, а с... На видеото со Иван Милевски пејачката изгледа свежо и негувано дури и без шминка...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...

Најчитани неделава