Ќерката на Саша Поповиќ скршена - Денес ѝ е прв роденден без татко ѝ
- Детали
- петок, 07 март 2025
„Јас прв ја зедов во раце Александра кога се роди. Бев среќен кога се венчавме со Сузана, кога ми рече ‘да’, но ништо не може да се мери со доаѓањето на ќерката на овој свет“, рекол своевремено Саша Поповиќ за ќерката која денес полни 26 години.
Александра, ќерката на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ, денес (07.03) полни 26 години.
Но, роденденот првпат ќе го помине без својот татко, првиот човек на „Гранд“, кој вчера беше погребан на гробиштата во Белград.
Александра на комеморацијата, а потоа и на погребот на татко ѝ, не можеше да ги скрие солзите.
Таа беше постојано покрај својата мајка, но и полубратот Даниел, кого Сузана го има од првиот брак.
Не е тајна дека Саша го сакаше Даниел како свој син, но сепак Александра му беше миленичка.
Тој своевремено изјави дека раѓањето на ќерката е најсреќниот ден во неговиот живот.
„Тоа не може да се спореди со ништо друго. Јас прв ја зедов во рацете кога се роди.
Бев среќен кога се венчавме со Сузана, кога ми рече ‘да’, но ништо не може да се мери со доаѓањето на Александра на овој свет“, рекол Поповиќ.
Тој и неговата сопруга долго време пробувале да имаат дете, а Сузана забременила кога изгубиле секаква надеж.
Александра, за разлика од нејзините родители, никогаш не сакала да се експонира во јавноста.
Не ги трошела парите од татко ѝ, туку самата заработувала со правење маникир и изработка на накит.
По веста дека Саша починал, таа преку Инстаграм стори им се заблагодари на сите кои им испратиле пораки со поддршка неа, на мајка ѝ и на брат ѝ, но и на јавноста која го почитуваше нејзиниот татко.
За потсетување, Саша Поповиќ почина на 70 години во Париз, каде што се лекуваше. Покрај него беше неговото семејство.
Основачот на „Гранд“ и некогашен член на бендот „Слатки грех“ беше погребан вчера, откако претходно се одржа комеморација во негова чест.
Прочитајте и Брена расплакана, сопругата и ќерката со наведнати глави - На комеморацијата на Саша Поповиќ е цела српска естрада
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





