Сенидах емотивна за 100-тиот роденден на баба ѝ, жената која ѝ е поткрепа по смртта на родителите

„Таа не е момент, моментите се таа. Среќен роденден бабо, ти си ми и понатаму моето маче“, напиша пејачката на Инстаграм кајшто позира со својата 100-годишна баба.

senidah-emotivna-za-100-ot-rodenden-na-baba-i-zhenata-koja-i-e-potkrepa-po-smrtta-na-roditelite-01.jpg

Кралицата на трап-сцената во регионот, Сенидах, откри дека нејзината баба наполнила 100 години.

Таа сподели заедничка фотографија на која може да се види дека си личат премногу една со друга.

senidah-emotivna-za-100-ot-rodenden-na-baba-i-zhenata-koja-i-e-potkrepa-po-smrtta-na-roditelite-04_copy.jpg

Сенидах ја обожава својата баба и често поминува време со неа.

„Таа не е момент, моментите се таа. Среќен роденден бабо, ти си ми и понатаму моето маче“, напиша пејачката на Инстаграм.

Бабата на Сенидах е жената која ја чувала и се грижела за неа во времето кога нејзиниот татко загинал во сообраќајна несреќа, а пејачката била уште мала.

Ова е дел од животот за кој Сенидах не зборува често, но нејзините соседи од Љубљана за српските медиуми неодамна откриле непознати детали од нејзиниот живот.

„Нејзиниот татко загина во тешка сообраќајна несреќа кога Сенидах беше мала.

Нејзината мајка тогаш била тешко повредена, а сестра ѝ паднала во кома. За среќа, таа поминала без повреди.

Оваа трагедија ѝ го одбележа животот. Но, мислам дека таа никогаш не се опорави целосно од тоа“ - рекле соседите.

senidah-emotivna-za-100-ot-rodenden-na-baba-i-zhenata-koja-i-e-potkrepa-po-smrtta-na-roditelite-03.jpg

Тие раскажале и дека кога пред 10 години починала мајката на Сенидах, со која била многу блиска, баба ѝ останала како нејзината најголема потпора.

„Сега таа ѝ е столб и сила во животот. Сенидах тешко ја прифати смртта на мајка си. Се заклучуваше во својот стан и со месеци не излегуваше од дома.

Таа толку многу личи на својата покојна мајка што е неверојатно. Како да се близначки.

Кога ќе ја видам, како да ја гледам мајка ѝ“, рекла една сосетка.

senidah-emotivna-za-100-ot-rodenden-na-baba-i-zhenata-koja-i-e-potkrepa-po-smrtta-na-roditelite-02.jpg

Прочитајте и Си го променила личниот опис, гласини дека е бисексуалка – Што знаеме за популарната пејачка Сенидах?

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Мајка и ќерка на одмор – Мелина Џиновиќ во лежерно издание со репче позира со Џина, по свадбата со м... Џина сподели ретко видео со мајка ѝ Мелина, која неодамна се омажи за милионер в...

Најчитани неделава