Сара Јо се моли за Панчо ДНК: „А, ти, добар наш Панчо... Знам дека се бориш лавовски, така како што умееш ти“
- Детали
- четврток, 20 март 2025
„Не постои миг, а да не мислиме на тебе. Со целото срце и душа сме со тебе“, му порача Сара Јо на Панчо и сподели видео кое таа самата го снимила од него.

Српската пејачка на својот Инстаграм профил сподели дека срцето ѝ е разбиено на 1.000 парчиња поради трагедијата во Македонија.

Сподели видео на кое Андреј пее, а потоа и видео кое таа самата го снимила од Панчо.


На видеото таа ја коментира тетоважата на Панчо „bad boy“, а потоа му испраќа молитви за побрзо закрепнување.

Нејзината објава:
„А, ти, добар наш Панчо... Знам дека се бориш лавовски, така како што само ти умееш.
Сепак ти си нашиот „bad boy for life“ (лошо момче засекогаш).
Не постои миг, а да не мислиме на тебе.
Со целото срце и душа сме со тебе“.




С. С. | Црнобело