Теа Таировиќ открива детали за нејзината свадба oд 100.000 евра: „Многу се напив, а Сања Вучиќ ја касна крлеж“
- Детали
- среда, 14 мај 2025
„Добивме многу подароци, не беа само пари. Најоригиналниот подарок, што навистина многу ми се допадна, беше еден глобус што свети, со посвета: ‘Го освоивте целиот свет’, што навистина ми се допадна“, открива Теа Таировиќ во „Амиџи шоу“.

Теа Таировиќ на 24-ти април стапи во брак со својот избраник Иван Вардај на романтична церемонија во Нови Сад.

Според српските медиуми, пејачката за свадбата наводно потрошила околу 100.000 евра, а сега во гостување во емисијата „Амиџи шоу“ откри детали од свадбата.

Таа откри какви подароци добила:
„Добивме многу подароци, не беа само пари.
Најоригиналниот подарок, што навистина многу ми се допадна, беше еден глобус што свети, со посвета: „Го освоивте целиот свет“, што навистина ми се допадна“.

Таа откри и други детали за свадбата:
„Ние знаевме половина година претходно дека ќе има свадба, а на сите гости им рековме да не ја откриваат локацијата...
Сè беше во граници на нормалното, ништо претерано.
Инаку, матичарката што нè венча е истата што ги венчала и моите родители, а тоа не го знаевме сè до моментот кога отидовме да ги дадеме податоците“.

„Прекрасно е чувството кога ќе кажеш „да“. Сè беше уште повесело отколку што замислував.
Им напоменав на гостите дека сакам максимално да се опуштат, без камери, без ништо“.
„Иван скина тетива и беше неизвесно дали ќе можеме да играме, но се држеше машки.
Јас уште пред полноќ се пресоблеков, облеков црвен фустан и земав шампањ и искрено многу се напив, но среќа што беше крај“.