Теа Таировиќ открива детали за нејзината свадба oд 100.000 евра: „Многу се напив, а Сања Вучиќ ја касна крлеж“
„Останавме до четири часот наутро, од два до четири беше хаос, ама беше весело.
Сања Вучиќ (колешка и пријателка) имаше мал инцидент, ја каснал крлеж, ама ете значи дека ќе биде добар брак (ха-ха)“.
Kликнете на видеото од првиот танц:
За односот со саканиот Теа вели:
„Ние буквално не се разделуваме 24 часа, освен ако не е тренинг, проба или одење во тоалет.
Сега сум Теа Таировиќ Вардај, официјално, но за мојата публика засекогаш ќе останам Теа Таировиќ.
Ништо не се промени, со Иван живеевме заедно долго време, навикнати сме еден на друг и ништо не се смени“.

„Зборував разни работи, самата себеси се демантирав, но знаев на прв поглед дека тој е мојот маж.
Тоа е нешто што не може да се објасни – во некои работи сме многу слични, во некои сосема различни, а токму тоа што сме различни нè спои.
Инаку, сите мислат дека штом ќе се омажиш, мора веднаш да се прошири семејството.
Јас мислам дека тоа се случува кога ќе дојде време за тоа – кога Бог ќе каже“.
Таа сподели и забавен спомен од патување:
„Иван најмногу сака месо. Бевме во Италија, а таму луѓето не јадат од два до осум часот навечер. А ние кога сме на одмор, стануваме во два попладне, па тој до осум огладнуваше ужасно и јадеше што и да му дојде под рака.
Таму најмногу му недостасуваше месо“.
Прочитајте и Сите детали за свадбата на Теа Таировиќ - го додаде презимето на сопругот, раскошна венчаница со вел
С. С. | Црнобело