Една од најтажните љубовни приказни е онаа за балканските Ромео и Јулија - живееле неразделни, умреле прегрнати

Нивната приказна била пренесена од новинарите ширум светот и станала симбол на љубовта и покрај етничките и верските поделби.
Често се споредуваат со Ромео и Јулија, но во контекст на современа балканска трагедија.
Истрагата за нивното убиство, и покрај многуте гласини, никогаш не била спроведена и со сигурност не се знае што точно се случило и зошто било пукано.

За убиството на „сараевските Ромео и Јулија“ до денес никој не одговарал.
Приказната беше документирана во повеќе документарни филмови, песни и написи.
Една од најпознатите репортажи ја направи американската телевизиска мрежа CNN, а новинарот ја нарече „најтажната љубовна приказна од босанската војна“.

Приказната за Бошко и Адмира беше преточена и во песна. На албумот на бендот Забрањено пушење „Радови на цести“, има песна која едноставно се вика „Бошко и Адмира“.
Рефренот гласи: „Ма каква Јулија, какав Ромео, нико се није тако волио, и нико никад нече све док Миљацка вода тече...“
Слушнете ја песната за нив:
С. С. | Црнобело