Марија Шерифовиќ воодушеви во Загреб со песна од Тоше: „Единствено со него сакав да снимам дует“
- Детали
- среда, 21 мај 2025
„Во овој живот, во оваа форма, не ни успеа. Сигурна сум дека некогаш некаде ќе го направиме тоа, мора“, рече Марија на концертот во салата „Лисинки“ и ја испеа својата омилена песна од Тоше, „Боже брани је од зла“.
Српската и балканска ѕвезда, Марија Шерифовиќ, одржа два концерта во салата „Лисински“ во Загреб и како на секој нејзин претходен концерт, успеа да ја воодушеви публиката, пишуваат регионалните медиуми.
Овие концерти не се дел од нејзината турнеја „Долази љубав“, а со која претходно ги посети градовите во поранешна Југославија - кога во Скопје ѝ се поклони на публиката, а во Белград не можеше да ги скрие емоциите, но и понатаму се моќни и во нејзин стил.
На концертите, според регионалните медиуми, Марија пеела песни за кои рекла дека „ѝ ја топат душата“.
Па освен моќните изведби на Let Me Entertain You, The Show Must Go On, Just the Way You Are, Shallow и Don't Wanna Miss a Thing, таа пред хрватската публика ја испеа и својата омилена песна од нашиот Тоше Проески, „Боже брани је од зла“.
„Тој беше единствената личност со која имав желба да снимам дует, но во овој живот, во оваа форма, тоа не успеа.
Сигурна сум дека некогаш некаде ќе го направиме тоа, мора“, рекла Марија.
Кликнете на видеото за атмосферата додека Марија ја пее „Боже брани је од зла“:
Пред неколку месеци и во неврзан разговор пред интервјуто за CRNOBELO.com, Марија ни кажа дека разговарале со Тоше за дует, но тоа не се случило, па е една од работите за кои жали во кариерата.
фото: Инстаграм
Концертот на Марија не беше нималку обичен - таа се шеташе низ публиката и пееше со нив, a на сцената покани млад пар да заиграат додека таа им пее.
фото: Инстаграм
Во Загреб Марија имаше и специјална гостинка, нејзината пријателка Јована Пајиќ, со која го испела нивниот заеднички хит „Демони“.
Прочитајте и Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубов“
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





