„Моќна, неопислива“ - Марија Шерифовиќ направи спектакл во Белград - во розово одело, ежи со дуетот со Јована Пајиќ
- Детали
- петок, 09 мај 2025
„Моќна, љубовна, силна… Вонвселенска… Неопислива… Кој не ја доживеал, не знае што пропушта…“ „Единствената пејачка на чии концерти би одела 100 пати - да се ежам, да се исплачам“, се дел од пофалните коментари за концертот на Марија Шерифовиќ. И дефинитивно - само таа го може тоа!
Марија Шерифовиќ на 7-ми мај го одржа својот шести по ред, од вкупно осум закажани концерти во Сава центар во Белград, а сега на Инстаграм сподели видео од овој спектакал.
И по видеото само едно е сигурно – само таа го може тоа!
Не е ни чудо што за толку кусо време ги распродаде сите 8 концерти.
Шерифовиќ ги изненади сите кога се појави на сцената во розово одело - нешто сосема поразлично од изданијата на кои сме навикнати да ја гледаме во јавност.
Марија обично избира потемни парчиња и поедноставни комбинации, но овојпат направи исклучок и ја воодушеви публиката со својот стајлинг.
На концертот гостинка ѝ беше Јована Пајиќ со која го има спектакуларниот дует „Демони“, песна која стана хит само ден, два по појавувањето.
На својот Инстаграм профил Марија за концертот напиша:
„Мислев дека атмосферата од март е ненадминлива! Но вие, мои мајски љубови, синоќа ме сосема оставивте без зборови.
На прво место, благодарам на сите вас што ја полните оваа моја душа.
Благодарам на прекрасните пријатели од Сава центар што секој јубилеј го прават уште поубав!
И секако, благодарам на мојата Јована Пајиќ затоа што нашиот дует „Демони“ доби нов магичен концертен живот“.
Слушнете го нивниот дует:
Дел од пофалните коментари за концертот на Инстаграм гласат:
„Моќна, љубовна, силна… Вонвселенска… Неопислива… Кој не ја доживеал, не знае што пропушта…“
„Единствената пејачка на чии концерти би одела 100 пати – да се ежам, да се исплачам, да се изнасмеам“.
„Вие две сте чиста емоција“.
Кликнете на видеото:
Погледнете го влогот на Марија, снимен за концертот, каде ја покажува атмосферата и зад сцената:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





