Ќерката на Гоца Тржан наполни 18 години - Пејачката клекна на колена пред неа на забавата, им пееше Саша Ковачевиќ

За роденденската прослава на ќерка ѝ, Гоца избра долг розов фустан со роза на половината и длабоко деколте, а Лена се преоблече двапати, но најемотивен момент беше кога пејачката клекна на колена и почна да ѝ пее на ќерката.

goca-trzhan-so-golema-zabava-za-18-rodenden-na-kjerkata-pejachkata-klekna-na-kolena-pred-nea-sasha-kovachevikj-napravi-feshta-01_copy.jpg

Српската пејачка Гоца Тржан вчеравечер направи голема забава за 18-тиот роденден на нејзината ќерка Лена.

Забавата беше во познат белградски ресторан, со многу гости, пријатели на славеничката, луѓе од естрадата и српскиот јавен живот кои ѝ се пријатели на Гоца.

goca-trzhan-napravi-zabava-za-18-ti-rodenden-na-kjerkata-pejachkata-klekna-na-kolena-pred-nea-sasha-kovachevikj-napravi-feshta-03.jpg

За роденденската прослава на ќерка ѝ, Гоца избра долг розов фустан со роза на половината и длабоко деколте, а Лена се преоблече двапати.

Славеничката ги пречека гостите во кратко фустанче од тантела, комбинирано со високи потпетици, а потоа, во тинејџерски стил, се преоблече во кратко црно фустанче со патики.

goca-trzhan-napravi-zabava-za-18-ti-rodenden-na-kjerkata-pejachkata-klekna-na-kolena-pred-nea-sasha-kovachevikj-napravi-feshta-05.jpg

За полнолетството на Лена имаше и бела торта на три ката.

Прославата траеше до доцна во ноќта, а Саша Ковачевиќ ги забавуваше гостите со своето пеење.

Но, многу од музичарите кои беа на роденденот на Лена не пропуштија и самите да запеат, па микрофонот го фатија и Милица Павловиќ и Тања Савиќ.

goca-trzhan-napravi-zabava-za-18-ti-rodenden-na-kjerkata-pejachkata-klekna-na-kolena-pred-nea-sasha-kovachevikj-napravi-feshta-06.jpg

Но, еден од најемотивните моменти беше кога Гоца ѝ запеа на својата ќерка и клекна на колена.

goca-trzhan-napravi-zabava-za-18-ti-rodenden-na-kjerkata-pejachkata-klekna-na-kolena-pred-nea-sasha-kovachevikj-napravi-feshta-02.jpg

Пејачката им се обрати на гостите, но и на ќерка си и ѝ кажа дека се гордее со неа.

„Единствените луѓе што ги имам на овој свет се тие што се тука вечерва. Фала ви што дојдовте.

Лено, се гордеам со тебе. Имаш прекрасни пријатели“ - рече таа, а видеото од овој момент го сподели на Инстаграм Стори, со уште неколку моменти од прославата.

goca-trzhan-napravi-zabava-za-18-ti-rodenden-na-kjerkata-pejachkata-klekna-na-kolena-pred-nea-sasha-kovachevikj-napravi-feshta-04_copy.jpg

Тржан ја доби Лена во бракот со Иван Маринковиќ, со кого по разводот е во лоши односи, а двајцата, и Гоца и Иван, ја користат секоја прилика да се понижат јавно еден со друг.

Вториот сопруг, Раша Новаковиќ, пак ѝ е огромна поддршка и има одличен однос со Лена.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg