Се возеше со папата на веспа, ги заведе Ал Пачино и Горан Бреговиќ - Која е првата старлета во Југославија?
Имала афера со бројни познати личности, наводно и со Мик Џегер и Ники Лауда, кој заради неа се степал во бар.
Се пишуваше и дека ѝ се додворувал Арнолд Шварценегер, а по една вечера со Силвио Берлускони, била обвинета за падот на италијанската влада.
Но, од сите нив, таа потврди само дека била во врска со Ал Пачино.
„Сите беа заљубени во Мајкл Корлеоне, но не и јас. Не беше мој тип. Го запознав Ал Пачино кога го снимаше „Кум“ со Френсис Форд Копола.
Излегувавме, но тој беше постојано напнат и секогаш параноичен во врска со папараците. Не чувствував страст со Пачино, туку само неговото големо его. Ми даваше наредби кога излегувавме навечер, сакаше да си одиме, а јас го оставав да си замине и останував.
Додека бевме заедно заврши во психијатриска клиника поради постојан стрес. Тој е прекрасен човек, но иако многумина го гледаат како Мајкл Корлеоне или Тони Монтана, јас го гледав како немирна личност, со комплекси“, рекла таа своевремено за актерот.
Меѓу личностите од Балканот со кого имала љубовна врска се споменуваат Здравко Чолиќ и Горан Бреговиќ.
Многумина во тоа време стравувале дека „Бијело дугме“ ќе се распадне поради Дијана, бидејќи клавијатуристот Владо Правдиќ бил, исто така заљубен во неа.
„Ме обвинија дека речиси го растурив бендот. Живеев во Милано и се дружев со Владо Правдиќ, клавијатуристот на „Бијело Дугме“.
Тој беше заљубен во мене, но потоа се појави Горан Бреговиќ. И кога Горан сака нешто, го добива.
И тука започна конфликтот меѓу двајцата членови на групата. Дали Горан ме „украде“ од Владо? Да, ме украде!“, рекла таа.
Денес Дијана живее во Лос Анџелес, а често поминува време и во Лас Вегас.
Пред неколку години, таа ја промовираше книгата „Мојата приказна“ во која откри бројни детали од својот живот.
Наскоро ќе полни 63 години, но и понатаму се грижи за својот изглед и го покажува на Инстаграм.
Сепак, повеќето од овие фотографии се фотошопирани и со филтри, па не ѝ се гледа вистинскиот лик.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





