Се возеше со папата на веспа, ги заведе Ал Пачино и Горан Бреговиќ - Која е првата старлета во Југославија?
- Детали
- сабота, 07 јуни 2025
Поради една вечера со Силвио Берлускони ѝ го припишаа падот на италијанската влада, поради неа легендарниот Ники Лауда се степа во бар, а на листата љубовници на Дијана Бежировиќ, наводно се и Здравко Чолиќ и Мик Џегер. Која е првата југословенска старлета?
Дијана Нивен Беќировиќ (62) се смета за првата старлета во Југославија. Таа ја почна својата манекенска кариера на 14-годишна возраст, прва се фотографираше гола за „дуплерица“ во еротскиот магазин „Старт“, а се појави и во „Плејбој“ во 1981 година.
Во тоа време Дијана важеше за една од најубавите жени на овие простори. Таа изгради и успешна новинарска кариера во која соработувала со бројни светски ѕвезди.
Денес живее во Лос Анџелес, каде што дипломирала на Американскиот филмски институт и неодамна ја промовираше книгата „Мојата приказна“, во која споделува интересни детали за нејзиниот бурен живот.
Што знаеме за Дијана Нивен Беќировиќ?
Родена е во Лукавац, близу Тузла во сиромашно семејство во 1962 година.
Завршила средно училиште во Сараево, а бидејќи била необично убава, уште од 14 години почнала да снима реклами за големи компании.
Сакала да студира глума, но се откажала во последен момент, па се запишала на новинарство. Подоцна, дипломирала на уште два факултета.
Таа е првата Југословенка која се сликала гола за во списание, позирајќи за „Старт“.
На модните агенти не им требало долго време да ја забележат и во 1984 година Дијана се преселила во Италија, каде што почнала да позира за познати брендови како Versace и La Perla.
Но, истовремено имала и успешна новинарска кариера, а за тоа е доказ и фактот дека папата Јован Павле II трипати ѝ дал интервју.
Самата признава дека додека правела едно од нив, била пијана и во мини здолниште, спротивно на протоколот за средби со папата.
Имала интервју и со папата Бенедикт XVI уште додека бил кардинал.
А токму тој ја возел на веспа во Рим, кога дошла да му прави интервју, но немало автобуси за да може да стигне до Ватикан.
Американски новинар ги фотографирал и сакал да ја прикаже Дијана како негова љубовница, но фотографијата никогаш не била објавена.
Таа е и последната која го интервјуирала возачот на Формула 1, Аиртон Сена, кој загина на 1 мај 1994 година, на трката во Имола. Дијана разговарала со него два дена претходно за прашања поврзани со животот и смртта.
Од Рим Дијана се преселила во САД со Ахмет Етергун, продуцент кој бил задолжен за кариерите на музички ѕвезди како Ролинг Стоунс, Лед Цепелин, Реј Чарлс и Арета Френклин.
Работела како негова секретарка петнаесет години, а тогаш запознала и завела многу светски ѕвезди.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





