Се разведе Маја Шупут - со сопругот живееше во луксузен пентхаус, имаа две дадилки за синот
- Детали
- понеделник, 09 јуни 2025
„Разводот е зад нас веќе некое време, за нас е тоа минато свршено време и го постигнавме пријателски, мирно, без никаква драма или солзи - повеќе во стилот на 'Ти благодарам за сè и среќно понатаму',“ - напиша хрватската пејачка на Инстаграм и ја изненади јавноста, која сметаше дека таа и сопругот имаат идилечен брак.
Хрватската пејачка Маја Шупут се разведе од сопругот Ненад по 6 години брак.
Пејачката откри дека веќе некое време не се заедно и со тоа ја изненади јавноста, бидејќи Маја и Ненад (преку Инстаграм) делуваа како да имаат идиличен брак и живот од соништата.
„Животот понекогаш ќе нè одведе на различни патишта, па така, Ненад и јас решивме да тргнеме секој по својот пат, но и понатаму живееме во семејна атмосфера.
Разводот е зад нас веќе некое време, за нас е тоа минато свршено време и го постигнавме пријателски, мирно, без никаква драма или солзи - повеќе во стилот на „ти благодарам за сè и среќно понатаму“.
Од оваа љубов остануваат милион прекрасни спомени и најважното - нашето дете, поради кое засекогаш ќе останеме тим.
Тој е наш заеднички и најголем приоритет, со кого двајцата активно учествуваме во секојдневниот живот“, напиша пејачката на Инстаграм.
Парот се запознал во 2017 година, во хотел во Шибеник, каде што Ненад работел како управител на хотелот, а Маја имала резервирано соба таму, за да преспие по еден нејзин настап.
„Не знаев кој е, но мирисаше одлично. Дојде да ме поздрави, а кога си отиде ми кажаа дека тоа е директорот.
Беше пристоен, ми испрати шише шампањско, но не ми се додворуваше“, рекла Маја, која неколкупати се враќала во истиот хотел, но дури на третата средба помеѓу нив се појавиле искри.
Веќе следната година Ненад ја запросил, додека биле на патување на Малдиви, а се венчаа во Истра, во 2019 година.
По две години брак, парот го доби синот Блум, за кого ангажирале не една, туку две дадилки.
Семејството Шупут-Татаринов живееше во луксузен пентхаус во населбата Бијеник во Загреб.
Тие обожаваа да патуваат и да посетуваат нови и егзотични дестинации, а Маја постојано објавуваше семејни фотографии од нивните патувања.
Во интервју Маја откри дека кога се на патување, таа и сопругот се грижат за синот, но дека поради бројните обврски што ги имаат кога се дома, него го чуваат две дадилки.
На синот му ја пренеле и љубовта кон патувањата - тој имал само 2 месеца кога му извадиле пасош и со авион го воделе од Загреб до Дубровник.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





