Бившата сопруга на Милан Калиниќ со провокативна роденденска објава по разводот - актерот пофит од кога било

„Подготвена сум да ги симнам розовите очила низ кои ги гледав луѓето и светот околу себе... Никогаш не сум си заминувала за да ги научам другите на лекција, туку затоа што јас ја научив својата“, искрено напиша Сандра, по разводот со Милан Калиниќ. Таа и актерот беа 18 години во брак.

bivshata-sopruga-na-milan-kalinikj-so-skokotliva-rodendenska-objava-akterot-pofit-od-koga-bilo-01.jpg

Сандра и Милан Калиниќ, по 18 години брак (од 2006), се разведоа во октомври 2024 година.

Од бракот тие ги имаат наследниците - Теа и Вук.

Денес (11.06) Сандра го слави својот 45-ти роденден, а по тој повод на Инстаграм сподели скокотлива објава, каде индиректно споменува лекции од бракот.

Нејзината објава гласи:

„Колку само „Сандри“ се собрале во овие 45 години. Имаше и среќни и насмеани, тажни и разочарани, растргнати, весели... Ниедна од нив не би ја сменила, и на секоја од нив сум горда.

Подготвена сум да ги симнам розовите очила низ кои ги гледав луѓето и светот околу себе...
Решена да се ослободам од илузиите и уверувањата што не ни дозволуваат да здивнеме...

Патот не е ни лесен, ни познат, а патеката е лизгава и тесна...
Никогаш не сум си заминувала за да ги научам другите на лекција, туку затоа што јас ја научив својата.

Секогаш кога беше тешко, никогаш не помислив дека Бог ме напуштил – туку дека, во некој момент, јас го напуштив Него.

И додека не дојде моментот кога навистина ќе остарам, единственото што го посакувам е – во меѓувреме да не престанам да живеам.

На онаа „старaта“ себеси би ѝ рекла дека животот е Фантааааастичен! Но и дека сè имаше своја цена.

А на оваа „новата“ – дека НАЈДОБРОТО ДОПРВА ДОАЃА! 
Нека започне моето „Второ полувреме“ – ‘45!

Живеј го животот и направи го НАЈДОБРАТА ПРИКАЗНА НА СВЕТОТ!“

Милан по разводот е фокусиран на напорните фитнес тренинзи и постојано се фали со својата форма:

С. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Милан Калиниќ на ќерката убавица ѝ прослави 18-ти роденден, со бившата сопруга: „Горд сум на потенци... „Ти си мојата најголема радост, гордост и најубава животна приказна“, емотивно н...
Бившата снаа не ја заборава свекрвата: Во какви односи е Адријана Лима со мајката на Марко Јариќ? По разводот со Марко Јариќ, Адријана Лима има нов сопруг и трето дете, но во как...
Бившата сопруга на Игор Којиќ проговори првпат по разводот: „Кога го запознав, дома веднаш кажав - ќ... „Штом го запознав Игор, дојдов дома и реков: „Да знаете, ова е момчето за кое ќе...
Милан Мариќ повторно во геј сцена, овој пат со Андрија Милошевиќ: „Најсмешен е на снимање“ „Бевме малку нервозни, но за нас интимните сцени не се табу“ – рече своевремено ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...

Најчитани неделава