„Не сум разгалена, но сакам да трошам“ - Ќерката на Соња Вуксановиќ и Жељко Шашиќ фит на плажа во Црна Гора со мајка ѝ
- Детали
- вторник, 01 јули 2025
Софија Шашиќ сака да се фали на Инстаграм со својот луксузен животен стил... Посетува дестинации каде што оди светскиот џет-сет, носи парчиња облека од по неколку илјади евра и вели дека кога нешто и се допаѓа – си го купува и не ја гледа цената. Живееше со Аца Лукас, додека нејзината мајка беше во брак со него.

Соња Вуксановиќ, која се претставува како модна дизајнерка, на јавноста најмногу ѝ стана позната по бракот со српскиот пејач Аца Лукас.
Соња и Аца Лукас се венчаа во 2010 година, а во 2017 објавија дека сакаат да се разведат, а разводот беше финализиран во 2019-та.
Од бракот со него таа ја има ќерката Викторија, но пред тоа таа беше во 10-годишен брак со уште еден познат српски пејач – Жељко Шашиќ. Од бракот со Жељко, таа ја има ќерката Софија.
Софија Шашиќ, периодов ужива на црногорското приморје.

Софија летото го минува во Бока Которскиот залив, во еден од најлуксузните хотели каде што ноќевање чини околу 500 евра, пишуваат српските медиуми.





Но, оттаму фотографии прикачува и нејзината мајка Соња. Па, очигледно мајката и ќерката уживаат заедно.
