„Не сум разгалена, но сакам да трошам“ - Ќерката на Соња Вуксановиќ и Жељко Шашиќ фит на плажа во Црна Гора со мајка ѝ
Во едно неодамнешно интервју, Софија истакна дека не се смета за разгалена, но дека сака да троши пари на себе:
„Не сум разгалена, но сакам да се почестам кога можам да си го дозволам тоа што го сакам.
Кога нешто ќе ми се допадне и кога ќе се решам дека го сакам – цената не ми е важна...“
Таа често носи модни парчиња кои чинат и по неколку илјади евра.

Инаку, Софија поодамна, во една пригода проговори за односот со татко ѝ Жељко:
„Мајка ми и татко ми најнормално се разведоа. Тогаш имав 6 или 7 години.
Бев многу поврзана за него. По нивниот развод се пишуваа многу невистини, како тоа дека мајка ми ми бранела да го видам, но вистината е една – татко ми и јас имавме одамна конфликт, а со тоа немаа врска ниту мојата мајка, ниту мојот очув Лукас, ниту некој друг.
Долги години не зборувавме и немавме никаков однос со татко ми.
Инаку со Лукас израснав, живеев со него 10 години и навистина сме многу блиски.
Но, за среќа и со татко ми ги средив односите и сега сè е во ред“.





Прочитајте и Беше во брак со двајца српски пејачи кои беа другари, наследи вила од 750.000 евра: Која е фаталната Соња Вуксановиќ?
С. С. | Црнобело
