Голем пожар близу Вурвуру на Халкидики - туристи се евакуираат, се гаси со канадери (видео)
- Детали
- среда, 02 јули 2025
Страшни видеа се шират на социјалните мрежи - огромен чад се крева над Вурвуру, а пожарот кој беснее ги вознемири локалците и туристите, кои добија пораки на своите мобилни за итна евакуација.

Попладнево изби голем пожар во шумскиот предел кај местото Ливари, а во близина на туристичкото летувалиште Вурвуру на Ситонија.
Силен чад се шири над Халкидики, на едно од местата на кое секоја година летуваат и голем број Македонци.

По појавата на пожарот, туристите на Халкидики добиле пораки на мобилните телефони да се оддалечат што е можно побрзо доколку се во негова близина и да се упатат кон Никити.

Според грчките медиуми, во гаснењето на пожарот учествуваат околу 65 пожарникари со 20 возила и два пешадиски тима, но пожарот се гасне и со канадери и хеликоптер.

На интернет страницата Forest Weather Greece постојано се објавуваат видеа од очевидци, а според последните информации, пожарот и понатаму беснее, но е ставен под контрола.
Погледнете ги видеата:
А. Ј. | Црнобело / фото: Forest Weather Greece